Државен ревизор: Топловодната мрежа не може да му се одземе на БЕГ затоа што вложиле 7,5 милиони евра
Објавено во: Економија 25 Февруари, 2021 07:00
Државниот завод за статистика застана на страна на Балкан Енерџи Дооел во спорот со Град Скопје, кој сака да ја превземе топловодната мрежа. БЕГ веќе инвестирал 7,4 милиони евра, се вели во тукуштообјавениот ревизорски извештај за работењето на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Град Скопје ја запишал мрежата за парно-греење како своја сопственост, но Управниот суд ја уважил тужбата на операторот против Агенцијата за катастар на недвижнини, нагласува државниот ревизор. БЕГ лиценцата ја поседува во времетраење од 35 години, односно до 2047.
Според договорот со АДСДП, БЕГ до 2019 по основ на извршено инвестиционо одржување и проширување на мрежата исплатил 435.363.000 денари со ДДВ. Во меѓувреме Град Скопје го основаше јавното претпријатие Градски Енергетски Системи за да ја превземе мрежата, а Владата со одлука му ја додели на користење како инфраструктурен објект.
БЕГ ја превземал мрежата со вредност од 1.023.615.000 денари, a во 2020 сметководствената пресметка која ја има АДСДП покажува дека сега таа вреди безмалку две милијарди денари.
Извршените вложувања од 2013 до 2019 се проценуваат на околу 7,4 милиони евра, или поточно 457,5 милиони денари. Државниот ревизор вели дека договорот кој го има операторот е во рамките на приватно облигационо право и дека не може да биде поништен со друга одлука.
Од таму велат дека превземањето на мрежата од Град Скопје може да доведе до поведување на меѓународна судска постапка и арбитража врз основа на извршените вложувања.
А:К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




