Државниот карантин се заменува со домашна изолација со приложен негативен тест
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Мај, 2020
Државниот карантин се заменува со домашна изолација со приложен негативен ПЦР тест, информираат од Владата.
На 56-та седница е изменета и дополнета Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.