06 Декември, 2025
0.2706

Државните институции ќе плаќаат струја по цени на Македонската берза, референцата ХУПЕКС оди во пензија

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2025 07:49

Добивај вести на Viber

Во договор меѓу Министерството за енергетика, Бирото за јавни набавки и МЕМОнаскоро сите државни институции струја ќе плаќаат по цена што е постигната на Македонската берза за електрична енергија. Цената од ХУПЕКС повеќе не е референтна. Ова е потег за почит и е многу значаен за раст на тргувањето и развој на Македонската берза за електрична енергија. Затоа што Македонската берза станува релевантна, а нејзината цена станува референтна за стотици државни институции кои плаќаат десетици милиони евра годишно за струја

Сите македонски државни институции ќе плаќаат  струја по цени што се формираат на Македонската берза за електрична енергија. Со овој потег Министерството за енергетика, Бирото за јавни набавки и на МЕМО, државната компанија што управува со берзата на струја, создадоа услови цената што се постигнува на тргување на Македонската берза за електрична енергија да стане референтна цена по која ќе плаќаат државните институции. Со овој значаен потег на надлежното министерство во соработка со БЈН и МЕМО завршува ерата во која во Македонија референтна цена беше таа што е постигната на унгарската берза за електрична енергија ХУПЕКС.

Ова енергетско-пазарно решение на Министерството за енергетика во значајна мерка ќе го забрза растот, а со тоа и развојот на Македонската берза за електрична енергија која функционира во рамки на националниот пазарен оператор МЕМО.

Како што најавија Сања Божиновска, министерката за енергетика и Зоран Ѓоргиевски, директор на МЕМО, сега се создаваат услови на стандардизација на техничките спецификации за сите идни јавни набаки кои државните институции ќе ги распишуваат за набавки на струја. Во сите идни јавни набавки цената на струјата што ќе плаќаат државните институции ќе се утврдува врз основа на цената што се постигнува на нашата берза за струја, а не врз основа на цената што се постигнува на унгарската берза за електрична енергија.

Со оваа значајна промена ќе се создадат неколку предуслови за раст и развој на тргувањето со електрична енергија на нашата берза. Најпрвин ќе ја зголеми ликвидноста на нашата берза затоа што цената на струјата на нашата берза станува референта за стотина државни институции кои плаќаат десетици милиони евра годишно за струја.

Тоа ќе го зголеми интересот на сегашните учесници на нашата берза, а ги има повеќе од 30. Воедно оваа промена ќе привлече и други трговци и снабдувачи со струја кои ќе ја препознаат како релевантна нашата берза. Сето ова ќе ја зголеми понудата на Македонската берза за струја, ќе ја зголеми длабочината на пазарот и во крајна линија треба да влијае и врз цените на електрична енергија кои се постигнуваат на берзата.

Зголемувањето на ликвидноста е важен фактор и за идно поврзување на Македонската берза со берзите за електрична енергија во некоја од соседните држави (таканаречен каплинг н.з.) за што секако е предуслов за воведување на еврото како валута за тргување.

Македонската берза за електрична енергија започна со работа на почетокот на мај 2023 година. Во своите речиси 20 месеци работење бележи значаен раст особено од аспект на истргуваните количества електрична енергија и бројот на активни учесници на пазарот за струја.

На нашата берза електричната енергија се тргува ден однапред што значи дека се закупува еден ден пред испораката. При тоа берзата е посредникот што гарантира дека купувачот ќе ја добие електричната енергија што ја платил, а продавачот добива гаранција дека ќе ги добие парите за електричната енергија. И за продавачот и за купувачот важно е дека струјата на продаваат односно купуваат по цената што е постигната на берзата за часовите за кои купувале електрична енергија.

Н.С.

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања