19 Декември, 2025
0.3008

Држава во која горивото поскапува за 30%!

Објавено во: Свет 18 Ноември, 2014 13:01

Добивај вести на Viber

Индонезискиот претседател Јоко Видодо и објави на нацијата дека од денеска горивото во оваа земја поскапува за неверојатни 30%! Причина за ваквиот потег е укинувањето на државните субвенции за горивото, со цел парите да се вложат во потребната инфраструктура. „Од време на време, пред нацијата стои тежок избор“, призна Видодо во телевизиско обраќање синоќа. Тој објаснил дека на државата и се потребни пари за инфраструктура, образование и здравство. Економистите одамна заговараат радикално поскапување на горивото во Индонезија за да се вложува повеќе особено во инфраструктурно поврзување на земјата составена од над 17.000 острови и островчиња. Непопуларната мерка треба да го поттикне и економскиот раст кој изнесува 5,12% и е најнизок во последните пет години во Индонезија. Субвенциите за гориво сочинуваат речиси 18% од индонезиската економија и се први воведени во југоисточна Азија. Но горивото е многу чувствително прашање во оваа земја и во минатото растот на цените предизвикуваше масовни демонстрации и поделби во владејачките коалиции. Мерките беа критизирани и затоа што богатите и сиромашните уживаа еднакви субвенции во земја во која 40% од населението живее со помалку од два долари на ден. Од синоќа на полноќ бензинските пумпи се опседнати со возачи кои се обидуваат да купат гориво по последната субвенционирана цена. Економистите ја поздравуваат одлуката на претседателот, со оценка дека таа покажува оти Видодо е подготвен сериозно да спроведе економски реформи.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја