Државата додели 5170 студентски ваучери за компјутер, потрошени се близу 1,3 милиони евра
Објавено во: Економија 27 Декември, 2012 13:26
Државата финансираше 5.170 ваучери за набавка на компјутер за студентите од социјално ранливите семејства, чии семејства имаат месечни примања под 15 илјади денари. Со тоа во приватниот сектор се слеаја 80.135.000 денари (1,3 милиони евра), како поддршка од државата во услови на економска криза, информираа од Министерството за информатичко општество и администрација.
„Проектот завршува успешно, доаѓаат фактурите и од останатите компаниите и сите ќе бидат исплатени до крајот на годината со цел да се помогне и на приватниот сектор во оваа година што беше тешка за целиот свет. Со 5.170 ваучери во стопанството директно се пуштија 80.135.000 денари. Тие средства не им помагаат само на ИКТ компаниите затоа што поголем дел од нив имаа ангажирано и маркетинг агенции, правеа реклами преку медиумите и на билборди. Значи имаше цел синџир компании кои беа активно вклучени во овој проект и сите тие имаат на некој начин голем бенефит од проектот на Владата“, изјави Ивановски.Тој денеска тврдеше дека сите студенти кои ги исполниле условите и доставиле потребните документи добиле ваучери.
„Имаше неколку поплаки кај кои видовме оти има недостаток на документи, но се надеваме дека идната година повторно ќе излеземе во пресрет со ваков проект доколку има расположиви средства во Буџетот“, појасни Ивановски.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




