Државата пак се задолжи повеќе од планираното, Наумов реагира!
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2016 14:53
Планираше 3,6 милиони евра ама Владата се задолжи 13,38 милиони евра.
Задолжувањето се спроведе преку аукција на државни записи, a веќе утре сумата од 3,6 милиони евра доспева и државата треба да се раздолжи.
На денешново задолжување реагираше дополнителниот заменик министер Кире Наумов без чија согласност и овој пат се изврши задолжувањето.
Тој рече дека со оваа одлука министерот Ставрески да запиша нови 13,382 милиони евра денеска јавниот долг се зголемил за нето износ од скоро 10 милиони евра.
„Направен е нов нето долг од 56 милиони евра и во овој момнет јавниот долг изнесува 48% од БДП“, посочи Наумов.
Министерот за финансии на денешната аукција запиша износ четири пати поголем, од износот потребен за враќање на доспеаните долгови.
Додека Наумов реагира, министерот Ставрески се повикува на неправосилност на одлуката на Управниот суд и со тоа да продолжи да ја задолжува самоволно државата, иако е свесен дека одлуката на Државната изборна комисија е оспорена и постои првостепена одлука на Суд, со која истата е поништена.
Прашањето е кој ќе ги плаќа спорните, непотребни задолжувања кои се прават во овој период, потеницираше Наумов.Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




