Државниот долг на Албанија достигна 62,4 проценти од БДП-то
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2013
Во првите шест месеци од годината, државниот долг на Албанија достигна 62,4 проценти од бруто домашниот производ на земјата.
Експертите ова зголемување на долгот го оценија како мошне вознемирувачко за економијата, имајќи го предвид фактот дека новата Влада, која ќе го преземе управувањето во септември, најави дека ќе спроведе повеќе даночни олеснувања. Албанските економисти нагласуваат дека за решавањето на проблемот со долгот потребно е намаување на буџетските трошоци. Тие предупредуваат дека првичниот буџетски дефицит веќе почнува да се појавува, откако Владата зема кредит за да исплати плати и пензии.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.