22 Ноември, 2024
0.0411

Држи цена и е барано – да не е овчото сирење, сточарите би кренале раце од работата

Објавено во: Агробизнис 10 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Сточарите во Македонија се задоволни од цената на овчото сирење, кое достигнува и до 400 денари за килограм и велат дека се форсира неговото производство, затоа што ако се остават само на продажба на јагнињата или ќе кренат раце од работата или ќе бидат на позитивна нула.

Скендер Аме од Здружението на сточари „Даши“ од Дебар, објаснува дека во земјава имаме квалитетно овчо сирење кое граѓаните го бараат и го купуваат. Вели дека така е со години.

„Имаме и квантитет и квалитет. Овчото сирење се троши, и тоа најмногу во туристичките места, го бараат и странците во Скопје, и Охрид. Не можеме да се оставиме само на јагнето, затоа што цената варира. Од едно грло во текот на годината може да се добие 20 килограми сирење. Во дебарско има 40.000 овци, од кои 30 отсто се подмладок“, рече Аме.

И во Малешевијата произведуваат овчо сирење и велат дека има пласман. Тие имаат редовни, но и нови купувачи.

„Бројот на грла се намалува за разлика од порано, но од оние кои се занимаваат со сточарство, можеби само 10 отсто го предаваат млекото на млекарите, а другите си прават сирење. Цената достигнува и до 400 денари за килограм. Во Берово и Пехчево се произведува овчо сирење. Квалитет секогаш имало и денес има“, додава сточар од беровско село.

Но, дел од сточарите се со став дека државата треба повеќе да се ангажира за извоз на македонското овчо сирење во странство, од што тие би имале полза.

„За квалитетот нема збор, тој е екстра, и јас работам со современи методи, но треба повеќе да се извезува за да не одиме на индивидуални продажби“, рече сточар од Неготино.

Што се однесува до јагнињата, се очекува дека оваа година 20 отсто од нив ќе завршат на хрватскиот и италијанскиот пазар за католичкиот Божиќ.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку