Дуда потврди дека сепак и натаму ќе испраќаат оружје во Украина
Објавено во: Свет 25 Септември, 2023 18:28
Полска сепак нема да престане да праќа оружје во соседната Украина. Полска може да ѝ испрати на Украина постаро оружје.
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека Полска може да ѝ обезбеди на Украина постаро оружје од својот арсенал, откако ќе го замени со модерно. Рече дека не доаѓа предвид донирање на нова опрема што неговата земја сега ја набавува, како јужнокорејските хаубици К9 или тенковите К2.
„Оваа опрема мора да се користи за зајакнување на полската армија. Не трошиме милијарди на опрема за само да ја предадеме“, изјави Дуда во интервју за Супер Експрес, а пренесува Киев Индипендент.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки неодамна изјави дека Варшава нема да испрати повеќе оружје во Украина бидејќи се фокусира на обнова на сопствениот воен арсенал. Украина и Полска малку ги заладија односите поради извозот на житото. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целиот „театар“ околу житото оди во прилог на Москва. Оваа изјава ги налути полските политичари. Лани на 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина и војната уште трае.
foto EPA
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




