ДУИ објави кога и каде ќе го одржи петтиот конгрес
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2025 21:12
Демократската унија за интеграција(ДУИ) на 20 декември во Скопје ќе го одржи петиот конгрес, кој, како што тврдат од партијата, ќе биде значаен момент за нејзино дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.
Генералниот Совет на ДУИ денеска одржа седница на која, како што се посочува во соопштението од партијата, се водела широка расправа за актуелните политички случувања во земјата и динамиките поврзани со реформските процеси и предизвиците со кои се соочува државата во овој период.
„Членовите на Советот ги анализираа стратешките насоки на внатрешната и надворешната политика, повторно потврдувајќи ја улогата на ДУИ како фактор на стабилност и како клучен партнер во евроатлантските процеси. Централниот дел од седницата беше посветен на подготовките за петтиот конгрес на Демократската унија за интеграција, значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец на партијата. Беше оценето дека Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици“, наведуваат од ДУИ.
Во наредниот период, ДУИ ќе ги интензивира организациските активности на сите нивоа, со цел конгресот да се одржи со целосна транспарентност, ефикасност и вклученост на сите делегати и партиски форуми.
Можеби ќе ве интересира
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат




