17 Декември, 2025
0.0457

Дури 40.000 работат на црно во Црна Гора, од нив повеќето се Македонци и Срби

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2014 14:27

Добивај вести на Viber

Според неофицијалните податоци на црногорските синдикати, околу 40.000 луѓе работат на црно или без договор за работа во оваа земја. Појавата е најизразена токму сега, за време на летната туристичка сезона, кога во централниот и приморскиот дел на Црна Гора работа бараат сиромашни луѓе од северните делови на земјата, но и многумина од земјите од регионот. Надлежните велат дека се свесни за овој факт и за негативните последици што проблемот ги носи за црногорската економија. На „црно“ се работи во трговијата, угостителските објекти, но и во здравствените, просветните дејности, како и во физичките работи на градежните објекти. Неретко се случува токму на градилиштата во несреќа да загине човек ангажиран без договор за работа. И додека угостителите велат дека се принудени за работни места што никој не ги сака (келнери, готвачи и чистачи) да вработуваат работници од земјите од регионот, особено од Србија и Македонија, Црногорците сметаат дека причината е друга. Тие веруваат дека работодавачите ангажираат македонски и српски работници за да си обезбедат поевтина работна сила и да го избегнат плаќањето на даноци и придонеси. Унијата на слободни синдикати на Црна Гора предупредува на економските последици од работата на „црно“, особено за социјалните фондови, пензискиот и здравствениот, но и за државниот буџет. Црногорскиот министер за труд Предраг Бошковиќ изјави дека Црна Гора во процесот на пристапување кон ЕУ треба да изработи закони кои ќе ги штитат работничките права на најдобар можен начин.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии