Дури 71 нов пациент се примени за само еден ден: Се отвораат нови одделенија за ковид пациенти
Објавено во: Македонија 18 Март, 2021
Дури 71 нов пациент, најмногу до сега, биле хоспитализирани во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Од Министерството за здравство информираат дека поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 24 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 26 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 230 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На ГАК има 8 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 514 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.