22 Ноември, 2024
0.0306

ДУРИ И ПО ЦЕНА ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПАЗАРНА, ПАУНОВСКИ, НЕ ПОПУШТА - не ги прифаќа сите 35 „рамковно вработени“

Објавено во: Економија 22 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, нема да попушти и да го потпише решението за вработување на 35 „рамковно вработени“, кои на инспекторатот му ги додели Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, како дел од К-5 програмата, со која овие вработени кои со години земаа плата, а не одеа на работа, беа распределени по државни институции и по општини.

Како што е познато, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е предводено од првиот вицепремиер од редовите на ДУИ Артан Груби, кој всушност го „истурка“ законот за прераспределба на овие „рамковно ваботени“. Тој очекува дека низ разговор со Пауновски, овие 35 административци треба да бидат прифатени во Државниот пазарен инспекторат.

Но, Пауновски нема да отстапи од својот став. 

„Јас испратив писма со аргументи и до премиерот, и до вицепремиерот, во кое детално објаснувам зошто нашата институција не може да ги прифати сите овие 35 вработени, туку можеме да прифатиме само 12 од нив. Досега немам добиено реакција на ова писмо, но можам да потврдам дека ниту премиерот, ниту било кој друг од Владата не ми се јавил да врши притисок врз мене за да го потпишам решението за нивно примање. Јас јавно кажувам дека тоа нема да го потпишам, па и по цена дури и да бидам сменет од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат. Јас сум политички дојден на таа функција и може и политички да бидам сменет, и нема да се лутам за тоа, но нема да попуштам на ниедна сила и тоа да го потпишам. Мора некој да застане на патот на ваквото однесување“, дециден е Пауновски во изјавата за Фактор.

Додава дека Владата доколку сака, може да го разреши на секоја наредна седница, но нема да оди против своите убедувања и со еден ппотпис да уништи нешто што се трудел да го поправи цели три години.

Тој објаснува дека во 2018 година во Пазарниот инспекторат наследил дури 305 вработени, а сега нивниот број е 247. И не само тоа, туку е многу подобрена и структурата на вработените, во смисла дека сега има многу повеќе инспектиори, на сметка на административните работници.

„Претходно, од 305 вработени, само 97 беа инспектори кои одат на терен, а сега од 247 вработени, дури 178 од вработените се инспектори, што значи дека е многу подобрена структурата, односно дури две третини се инспектори кои одат на терен, а една третина се административните работници кои се неопходни за функционирање на институцијата“, вели Пауновски.

Инаку, од тие 305 вработени колку што биле во 2018 година, дел си заминале со редовно пензионирање, дел биле отпуштени затоа што им биле откриени неправилности во работењето, а дел се преместиле во некои други институции.

„Толку се зборува за таа реформа на јавната администрација, односно за намалување на бројот на вработени и подобрување на квалитетот на структурата на тие работни места, и кога ние успеавме тоа да го направиме, сега некој не принудува без никаква потреба да го зголемиме бројот на вработени за 15 отсто“, објаснува Пауновски.

Во писмото тој на премиерот и на вицепремиерот им напишал дека многу поголема потреба од инспектори има во Источна Македонија, односно во Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Радовиш, Штип, Кочани, Делчево, Берево, Свети Николе. Но, овие вработени кои се бара да се примат во ДПИ сакаат да бидат прераспределени во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид..., каде нама потреба од работна сила, особено не за административни работници.

„Еве дури и да сакаме да одиме на таа национална карта, факт е дека во Државниот пазарен инспекторат, и без тие 35 вработени, процентот на вработени Албанци е дури 40 отсто, што значи дека имаме дури и повеќе од потребниот процент за избалансираност, а сега со овие 35 вработени, тој процент уште повеќе ќе се зголеми. Затоа, од Министерството за политички систем треба тие граѓани да ги насочат за вработување во некоја институција која не го исполнува процентот од 20 отсто, односно има, на пример, само 10 проценти, а не во Државниот пазарен инспекторат“, објаснува Пауновски, додавајќи дека во Одделението на ДПИ во Тетово, на пример, од 48 вработени, само двајца се Македонци, а би тгребало да се бара тој процент да дојде до 30 отсто.

Пауновски објаснува и дека од овие 35 лица, сите би сакале да работат во администрацијата на Пазарен, а не да бидат инспектори.

„Доколку овие 35 лица беа правници или економисти, секако дека постепено ќе ги обучувавме и постепено ќе ги пуштавме да работат како инспектори, прво како помлади инспектори, а потоа и ќе напредуваа во кариерата. Но, од овие 35 лица, 12 се правници и економисти, и затоа нив без размислување ги прифативме и можеме да ги вклопиме во институцијата, и би биле префрлени во Тетово, Кичево, Гостивар, Струга, Охрид, и покрај тоа што нас, како што реков, повеќе ни требаат инспектори во Источна Македонија“, вели Пауновски.

Нагласува и дека нема да прифати овие 35 вработени да земаат плата од Државниот пазарен инспекторат, а да не работат, односно тоа да биде опција во периодот додека не се приолагодат.

„Јас шест години бев пратеник и зборував дека не може да се зема плата без да се работи, и сега нема да си го погазам тој принцип“, објаснува Пауновски.

Како што е познато, неодамна, првиот вицепремиер Артан Груби, ваквата изјава на директорот Пауновски ја оцени како „несреќна“ откако тој тврдеше дека овие 35 вработени не се прифатливи за неговата институција.

„Околу 650 луѓе се започнати со работа и се на нивните работни задачи секојдневно. Има некои несреќни изјави на челници на државни институции, но мислам дека и тие ќе се решат. Значи, нема отпор за примање на рамковни административци“, рече пред извесен период Груби.

Министерот за информатичко општество и администрација, пак, Јатон Шаќири, неодамна информираше дека досега се завршени процедурите во сите институции за сите вработени кои беа предвидени со К5 програмата. Односно, станува збор за околу 1.300 вработени кои беа вработени според Рамковниот договор, и за кои неодамна се донесе закон да мора да се распределат по соодветните државни институции, со таканаречената К5 програма.

„Важно е да се истакне дека најголем број од вработените врз основа на оваа програма веќе почнаа со работа во соодветните институции. До МИОА не пристигна ниту еден допис од ниту една институција која одбила да ги трансферира кај неа тие вработени. Од комуникацијата со Министерството за политички систем знаеме дека овој процес се ближи до крајот. Значи, нема никој што не ги прифаќа тие вработени“, рече Шаќири на прес-конференцијата.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите