19 Декември, 2025
0.1928

Душко Бранковиќ – маратонец во протести против судскиот систем!

Објавено во: Економија 13 Мај, 2016 08:12

Добивај вести на Viber

“Како граѓанин ќе излезам на 5 јуни на избори, ако власта гласа на 4 јуни во Шутка” -ова е една од пораките испишана на транспарентите на пензионерот Душко Бранковиќ кој скоро три години секој ден правдата ја бара преку протест пред судовите. Вели срамота е на свои седумдесет години секојдневно да биде на улица, а ниту еден од надлежните и најповиканите да не го забележат неговиот проблем и очај. Тој несебично дава подршка на демонстрантите од движењето “Протестирам”. Вели неговиот имотно-правен проблем е само еден од низата криминални и спорни случаи кои се изгубени во лавиринтот на судскиот систем.  Најасно е според него како може општинско решение да биде појако од одлука на Врховен суд и преку скандалозна пресуда тој да остане без земјиште кое му припаѓа на неговото семејство. Приказната на Бранковиќ ја знаат илјадници граѓани кои изминативе триесетина месеци поминале покрај судот и го сретнале како со транспаренти ја бара правадата. Вели многумина од нив делат иста или слична судбина, неправда и притисок. Некои се борат, а некои молчат. Ништо полесно според него не им е и на дел од судиите кои морале под притисок да преиначуваат пресуди на штета на граѓаните. Оттука протестите како што вели се вистинскиот начин да се разобличат криминалите, поткупливоста и стравот со кои владее системот. “23 месеци сум пред Врховниот суд,  а 18 месеци пред Министерството  за правда,значи  вкупно 31 месец како стојам секој работен ден на улица. Мојот проблем е веќе добро познат и скоро и да нема човек кој не знае дека сум во право, имам и документација која го потврдува тоа. Во 1947 година со акт за експропријација  ми е одземена парцелата 13810  со големина од 3500 квадратни метри во близина на Македонија Табак. Со ДУП-от направен во општина Аеродром, маркицата  за  таа квадратура и 19 метри висина може сами да направите проценка колку милиони се тоа.Во 1973 година  со пресуда од Врховен суд на Македонија вратен ми е имотот  кој ми е земен после 1947- мата,  а во 1996 по долготрајна мака добивам поседовен лист и од тогаш водам постапка.  Првично добив решение на првостепениот суд со кое требаше да ми платат кирија од 23 милиони денари, но имаше  жалба  до Апелација и експресно се преиначи пресудата. Врховниот суд до кој јас се жалам ја потврдува пресудата, Судскиот совет потврдува дека Врховен правилно постапил. Невидена неправда!”- ја раскажува својата мака, Душко Бранковиќ. 13177841_1194435513902176_6377130433810695194_n Во меѓувреме водел и  управна постапка за поништување на решението од општината. За својот случај ги известил сите институции и амбасадите.  Последна надеж вели му е жалбата  до Советот  за утврдување факти кој треба да ја преиспита одлуката на судиите. Размислува  и за тужба до Стразбур. Разочаран е од системот, бидејќи за иронијата да биде поголема  дел од работниот век го поминал на Правниот факултет, од каде му дале  позитивно мислење за неговиот случај, дека законот е на негова страна. Но овие се вели Бранковиќ  поголеми правници од правото и  законите. “Власта го командува судството,  а ова е борба против оваа власт, затоа и се приклучлив на протестите од првиот ден. Ако набрзо  нема решение состојбата ќе биде жив песок во кој ќе тонеме полека. Од објавените  “бомби”  се виде и чу се што се правело, за  притисоците.  Ако полицијата и судот си ја вршеле  работата немаше да дојдеме  до ова дереџе. Упатив барање за мојот предмет до Специјалното јавно обвинителство и ми рекоа доколку најдат сознанија за мојот предмет ќе го разгледаат за обработка. Од хигиеничар до доктор на науки, сите знаат за мојот случај, ме подржуваат многу граѓани. Сега гледам колкаво страдање и мака има низ народот” - објаснува Бранковиќ. Сопственоста на Бранковиќ   во последните шеесетина години била два пати национализирана  од страна на државата. Иако како што вели ги има добиено сите судски случаи во врска со ова прашање, поради неговиот отпор кон владините  политики,  државните институции според него  ги немаат спроведено пресудите со кои треба да му го вратат имотот. Тврди дека најгрубо  му е  прекршено  правото на приватна сопственост, но се додека го служи здравјето ќе доаѓа на протестите. Неговата борба вели не завршува овде, бидејќи сака правдата да ја истера докрај, за себе, за своето семејство, име и достоинство, за угнетените граѓани кои молчат пред притисокот и заканите, за младите кои треба да научат како треба да го чуваат и штитат своето. Бранковиќ вели дека неговата мака е  можеби капка во морето проблеми кои испливаа на површина и кои се искристализираа по јавно изразеното граѓанско незадоволство на улиците, но смета дека е вистински пример дека правдата е можеби бавна но секогаш ќе ги стигне оние кои ја бараат. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии