15 Декември, 2025
0.0407

ДВА БРЗИ ТЕСТА ВЕ МОЛАМ И ДАЛЕРОН: Најпродаваните производи во аптеките во последниве два-три дена

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2022 08:16

Добивај вести на Viber

Според податоците од Институтот за јавно здравје, бројот на позитивни случаи на корона вирусот во првите три дена од новата година се намалува, но колку е реална оваа состојба. Информациите кои доаѓаат од аптеките, како и од матичните лекари се загрижувачки и оттаму нагласуваат дека бројот на новозаразени, односно бројот на активни случаи во Македонија е многу поголем од 4.800 лица. Од повеќе аптеки со кои контактираше Фактор посочуваат дека овие неколку дена најмногу продаваат брзи тестови и табли далерон, парацетамол, витамин Ц...

-Ова и онака е сезона на настинки и грипови, но секој втор човек што ќе влезе во аптекава бара најмалку два брзи теста за детекција на корона вирусот, а некои земаат  за целото семејство, четири-пет, зависи дома колку членови се. Задолжително купуваат антипиретици-таблети за симнување на температура, како и витамин Ц, аспирин 100 протект...Генерално терапија која се дава на оние кои се заразени со вирусот, но имаат благи симптоми. Дали откако ќе ги направат брзите тестови и се утврди дека се позитивни, прават и ПЦР-тестови, со кои влегуваат во системот и официјално се дел од бројката, не можеме да тврдиме, но дека „на големо“ продаваме брзи тестови, тоа е факт, велат фармацевтите во најмалку четри аптеки во Скопје.

Истовремено и матичните лекари потврдуваат дека имаат пациенти кои се тестирале со брзите тестови за домашна употреба, кои се позитивни на Ковид-19, но кои не прават ПЦР-тест, и тоа од повеќе причини.

-И за време на новогодишните прослави кои беа кон крајот на декември, и овие денови по дочекот на Новата година имаме голем број пациенти кои веќе се тестирале дома и брзите тестови им покажале дека се позитивни. Од причина што не можеме веднаш да им закажеме ПЦР-тестирање во државните лаборатории, бидејќи нема термини, односно има дури по пет-шест дена, им посочуваме дека може да направат ПЦР-тест во некоја од приватните, но голем дел од луѓето не сакаат да даваат пари, и таа бројка всушност останува нерегистрирана во системот. Овие луѓе не добиваат решение за изолација. Ние како матични лекари им ја даваме потребната терапија, но најчесто станува збор за релативно помлади луѓе кои имаат лесни симптоми. Малку повишена температура, до кај 37,5, ден-два слабост во телото, мускулите и толку. Брзо ја надминуваат заразата, но морам да нагласам, конкретно за нашите пациенти кои овие денови се позитивни на вирусот, но со навистина лесна симптоматологија, се луѓе кои се вакцинирани.  Некои од нив ја примија и бустер дозата, но пред да изминат тие 14 дена, кога вакцината го активира одбрамбениот механизам, за жал се заразија. Сепак, ќе повторам, овие пациенти за ден-два ја надминуваат успешно болеста, а ги слушаат сите совети и напатствија кои им ги даваме. Се изолираат самите без разлика што не добиваат официјално решение за изолација. Оттука, ние како матични лекари, сметаме дека бројот на активни позитивни случаи, како и бројот на новозаразени на дневна основа е многу поголем од податоците кои доаѓаат од Институтот за јавно здравје, велат матичните лекари со кои разговараше Фактор.

Инаку, во официјалната статистика од Институтот за јавно здравје бројот на новозаболени од Ковид-19 од почетокот на годината е во постојан пад и во првите три дена од годинава регистрирани се вкупно 923 нови случаи, додека оздравени се 1.328 и починати 15 лица, со што бројот на активни случаи постојано се намалува и изнесува 4.817 лица. Според податоците од Институтот за јавно здравје на 1 јануари годинава регистрирани се 435 новозаболени и 534 оздравени, на 2 јануари 246 нови и 547 оздравени и на 3 јануари 242 нови и 247 оздравени. Околу 20 проценти од активните случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните три дена.

По градови, најголем број или повеќе од половина од нозаболените во изминатите три дена се во Скопје – 532, потоа следи Битола со 58, Прилеп со 47 и Охрид со 40 новозаболени од Ковид-19.

Над половина од активните случаи или 52 проценти се во главниот град Скопје – 2.548, потоа следат Битола – 349, Прилеп – 321, Охрид – 247, Кавадарци – 190 и Струмица со 146 активни случаи или речиси 80 отсто од сите активни случаи се во овие шест градови.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија