25 Април, 2025
0.0388

Два пати е зголемено земјоделското осигурување: Колку премии се исплатени на сметките на земјоделците

Објавено во: Агробизнис 12 Јули, 2019 07:27

Добивај вести на Viber

Се зголемила ли свеста кај земјоделците за осигурување на своите посеви. Новите временски непогоди уништија дел од овоштарските насади, но податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат дека кај земјоделското осигурување има зголемување од над 55 проценти ако се анализира бројот на склучени договори. Иако дел од земјодлеците уште одбиваат да ги осигураат своите ниви, овој тип на осигурување има значаен раст во последните неколку години, особено минатата година.

Вкупната премија во ова осигурување пораснала за 66 отсто и во 2018 година за земјоделското осигурување изнесува над 261 милион денари. Во 2017 година премијата изнесува 157 милиони денари.

Земјоделците преку осигурувањето на своите посеви земале средства, по основ исплатени штети од 207 милиони денари. 

Минатата година Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој по основ помош за исплата на премии за осигурување на посевите исплатила безмалку 110 милиони денари, додека во 2017 година по истиот основ платежната агенција исплатила двојно помалку, односно 55,5 милиони денари.

АФПЗРР со подршката во осигурувањето покрива 60 отсто од вредноста на полисата, односно од трошоците за осигурување на земјоделците.

Бројките на агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат и дека земјоделското осигурување во делот осигурување на имот, зазема учество од 33 отсто.

Н.М.


Можеби ќе ве интересира

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

Кој заработи речиси половина милион евра во март од извоз на јагнешко во Хрватска?

Кој заработи речиси половина милион евра во март од извоз на јагнешко во Хрватска?