Два рудника со милионски долгови одат под стечај
Објавено во: Економија 26 Февруари, 2016 22:12
Рудниците Добрево и Тораница одат под стечај по пат на ликвидација, одлучи денеска Основниот суд.
Долгот што го оставија кон доверителите е во износ од 7,5 милиони евра, меѓу кои и неисплатените плати и придонеси на рударите.
Заинтересираниот инвеститор, компанијата Лајфстон има конкретна понуда да даде 10 милиони евра и дел на доверителите веднаш да се исплатат. Друг дел од побарувањата да се исплатат одложено во следните две години. Компанијата предлага стечај по пат на реорганизација, со што, постпаката би била многу пократка.
Но, Собранието на доверители не го прифати барањето на фирмата за стечај по пат на реорганизација.
Претсетадлот на Одбворот на доверители, градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски вели дека одбрана е најдобрата варијанта
Од друга страна пак, претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, Пеце Ристески, смета дека ова е најлошто решение за над 850 семејства, бидејќи стечајот по пат на ликвидација значи дека рударите нема наскоро да се вратат на работа, а надоместок ќе земаат само до овој месец.
Инаку, рудниците со кои управуваше компанијата Индоминерали и метали на индискиот милијардер Бинани, престанаа со работа во август минатата година. Околу 1000 рудари ја прекинаа работата поради неисплатени плати и придонеси и лошите услови на работа, по што на компанијата и’ беше одземена концесијата.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




