Две деца од Солун ја изгубиле топката која го спаси Иван
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2022 15:10
30 годишниот Иван се спаси во морето во Грција со помош на топката која пред десетина дена ја изгубиле две деца кај Лемнос.
Момчето беше 18 часа исчезнато во морето кај Халкидики, а топката стигнала во неговите раце од островот Лемнос, од каде што патувала по водата 10 дена, објавија грчките медиуми.
„Спасот“ во Одисеја на Иван пристигна од Лемнос. Причината за спасувањето на Иван на Халкидики, кој успеал да излезе неповреден по 19 часа авантура на море, благодарение на топката која случајно била пронајдена во водата. Топката што го спаси Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни!, открива voria.gr.
На оваа плажа со родителите отишле две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им паднала и ја одвлекле морските струи. Всушност, пливач кој случајно се нашол на местото на настанот во тој момент се обидел да ја фати, но безуспешно. Нивната мајка ја видела фотографијата со топката на Voria.gr и препознала дека е иста како онаа што нејзините деца ја изгубиле во Лемнос!
„Загубата на децата се претвори во божји дар за 30-годишникот кој се најде 19 часа да се бори со брановите среде море. Топката која е од кожа и е со големина на онаа за ракомет, иако била полунадуена, како што пријавил 30-годишникот, успеала да му помогне да го одржи во живот“, објави порталот, а пренесува Прототема.
Во меѓувреме, грчките служби го бараат и третиот исчезнат.
„Имав постојани информации за текот на спасувањето и многу сум среќна поради непречено завршување на авантурата на младиот човек. Продолжуваат истрагите за пронаоѓање на трето исчезнато лице. Се надевам дека третото момче многу брзо ќе биде пронајдено живо. Младиот човек пронашол топка која му го спасила животот и му помагала кога се уморил. Благодареност на пристаништето, ЕКАБ и Здравствениот дом Касандра, воздухопловните сили, грчката полиција, рибарските чамци на Неа Скиони, 2-те чамци кои пловат во областа, сите спасувачки тимови и волонтерите“, напиша на Фејсбук градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкиа.
Потрагата по третото исчезнато лице на Халкидики продолжува, додека неговите двајца пријатели сега се здрави и живи.
Тој во саботата исчезна заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море кај Псоиди, на првиот крак Касандра на Халкидики. Како што пишува „In.rg“ крајбрежни пловила и хеликоптер на воздухопловните сили ја скенираат областа, но не успеале да лоцираат знак за животот на 28-годишникот.Можеби ќе ве интересира
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија




