15 Декември, 2025
0.0834

Две фирми „лапнаа“ милионски тендер на МВР: За колку вози полицијата?

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020 08:45

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи ќе потроши над 2,8 милиони евра за гориво за полициските возила во следните две години и тоа само за одреден број градови и полициски станици во земјава. Толку тежи еден од најголемите тендери склучени во последниот месец во државата. Станува збор за три рамковни договори со две фирми, трговци на нафтени деривати во земјава кои заедно ќе инкасираат милиони од оваа зделка. 

Договорот со Лукоил е вреден 1,25 милиони евра и се донесува на набавката на гориво со вредносни ваучери во Штип, Кочани, Куманово ( повеќе полициски станици), Велес, Тетово и Струмица. Договорот е рамковна спогодба за две години но полицијата не смее да плати повеќе од оваа сума. Конечната вредност на договорот сепак зависи од цената на горивото и може да варира.

Другиот договор е со компанијата од Пласница, „Пуцко Петрол“. Исто така е рамковен и исто така вреди 1, 25 милиони евра или двата заедно се 2,5 милиони евра. Од Пуцко петрол ќе се снабдува гориво, како што е предвидено, за мобилната едница, потоа за Прилеп, Охрид, Македонски брод и Кичево.

Тертиот договор исто така е со Пуцко петрол и тој е на вредност од 315 илјади евра.

МВР е една од компаниите со најголеми тендери во државата, а многу од тенедерите се милионски. Ланскиот за телеком услуги за три години тежеше над 5,7 милиони евра. Сличен таков во 2012 година беше потпишан на сума од 4,9 милиони евра. Во мај годинава имаше тендер за униформите тежок 1,3 милиони евра.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани