25 Април, 2024
0.0308

Две години спиев во болници: Искрено интервју со ТВ-презентерката Гордана Ѓорчева

Објавено во: Стил 30 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

На 19 години го изгуби татка си во сообраќајна несреќа. Втор огромен шок во нејзиниот живот беше смртта на сопругот, актерот Бранко Ѓорчев. Познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева на почетокот од годината ни ја отвори душата и искрено проговори за најтешките моменти. За она што досега молчеше, конечно собра сили да го сподели со јавноста.

* Во февруари се навршија пет години од смртта на Вашиот сопруг. Болната реалност може човекот духовно да го скрши, но може да го направи и посилен. Како е со Вас?

- Да, на 24 февруари поминаа точно 5 години. На оваа тема скоро и да не зборувам. Создадов некој одбранбен механизам и не сакам да чепкам таму кај што боли. Знаете, сфатив дека болката е само моја и никој тука не може да ми помогне, освен самата јас. На моите 19 години го изгубив мојот татко во сообраќајна несреќа и некако се навикнав да се борам низ животот. Ова беше мојот втор огромен шок кој многу, многу тешко го поднесувам. Да, буквално ме скрши неговото заминување и мислам дека дури сега после 5 години полека почнувам да си доаѓам на себе. Поминав и сè уште поминувам низ многу тежок период, и емотивно и благодарејќи на балканскиот менталитет и среброљубието на неговите најблиски. Но, не сакам да се навраќам на тоа ни во мислите. Постојано се молам, Господ да ни даде само здравје и на мене и на моето дете. Се борев како лавица за животот на Бранко. Направив сè што беше во моја моќ. Две години буквално спиев во болници и овде и во странство и мојата совест е комплетно чиста. А, најважно од сè е човек мирно да спие.

Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти