19 Декември, 2025
0.0583

ДВЕ ЛИМУЗИНИ БИЗНИС ЕДИШН ЗА МАПАС: 53.600 евра за лизингот, кој седнува во автомобилите?

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2022 07:32

Добивај вести на Viber

Две лимузини, едната со пет, другата со четири врати ќе земе на лизинг Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Возилата ќе ги користат 36 месеци, а потегот да ги склучат договор за деловен закуп е продожување на практиката која ја применуваат повеќето државни институции кои оперативниот лизинг го применуваат во последно време за набавка на нови возила. Сепак по користењето од 36 месеци возилата ќе треба да се вратат. Во договорот стои дека е проценето дека за тоа време ќе имаат поминато 90.000 километри. 

МАПАС во последната набавка склучува договор за две скапи возила - едното е лимузина со пет врати марка Опел инсигниа- бизнис едишн 1,5 Турбо дизел со пет врати. Другата лимузина е Опел астра Бизнис елеганс 1.5 - старт стоп.

За двете возила МАПАС ќе плати 53. 600 евра за 36 месеци, односно на толкава вредност е склучен договорот за деловен закуп (оперативен лизинг) со Ауто1 Рент ДООЕЛ. Месечната рата за „инсигниата“ ќе биде 50.740 денари со ДДВ, а за „астрата“ 40.800 денари или вкупно за двете над 91.000 денари.

Од страна на МАПАС договорот го потпиша директорот Максуд Али. Тој на функцијата е нзаначен од Владата, а Агенцијата има својство на правно лице кое за својата работа одговара пред Собранието.

Агенцијата е одговорна за издавање, повлекување и одземање дозволи за основање на пензиски друштва, дозволи за вршење дејност – управување со пензиски фондови и издавање, повлекување и укинување на одобренија за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови. Таа врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства.

Инаку лани во мај Владата соопшти дека ја усвоила Информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и дека ја задолжила да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци.

Од Владата сметаат дека ваква набавка е најдобра опција заради помалите финансиски оптеретувања.

А.Т.

Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии