Две милијарди долари за развој на чистата енергија во САД
Објавено во: Свет 16 Март, 2013 10:59
Објавувајќи ги плановите за инвестиции од две милијарди долари следната деценија, како дел од новата истражувачка програма, претседателот на САД, Барак Обама дава поддршка за истражувањата во областа на чистата енергија, пренесоа агенциите.
Во изјавата пред владината Национална лабораторија Аргон, во Чикаго, Обама го пофали заживувањето на американската автомобилска индустрија, за која рече дека произведува едни од највисоко технолошките, економични и убави автомобили во светот.„Во време кога секој месец го менувате својот смартфон затоа што на пазарот постојано се појавува нешто ново, претставете си што би значело Кина, Германија и Јапонија да продолжат да ги развиваат своите главни научни истражувања, а ние да седиме и ништо да не правиме, рече Обама.
Тој најави дека инвестициите во истражувањата во областа на чистата енергија ќе се вратат преку новите индустрии и новите работни места.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




