09 Мај, 2024
0.0231

Две во едно – автомобил што лета!

Објавено во: Стил 11 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Компанијата „Terrafugia“ работи врз летечки автомобил - моделот TF-X, кој ќе се појави на пазарот до 2020 година. Тој треба да биде комбинација помеѓу беспилотното возило на Google, хеликоптер и авион. Направен е од купе кое се крева во воздухот вертикално, со помош на електрични перки со моќност 600 коњски сили. Откако возилото ќе достигне одредена височина, ќе продолжи да се движи придвижувано од нафтениот мотор со внатрешно согорување монтиран во задниот дел на каросеријата. Тој ќе биде со моќност 300 коњски сили и ќе овозможи постигнување на максимална брзина од 321 километри на час. Со едно полнење TF-X ќе може да помине околу 800 километри, а за време на летот нафтениот мотор ќе ги полни батериите на електромоторите за слетување и полетување на машината. Во нормални временски услови компјутерот во кабината ќе може сам да го слета возилото, а за посериозни околности е предвиден рачен режим и катапулт со падобран. TF-X ги има автоманизирано речиси сите процеси во текот на летот и го олеснува управувањето. Според податоците на компанијата секој возач ќе биде подготвен да управува со летачката кола само по 5-часовна обука. Цената на леталото се уште не е позната,  но најверојатно ќе биде слична со онаа на луксузните автомобили од висока класа. Компанијата „Terrafugia“ е позната со своите мали авиони, наречени “Transition“, кој може да се стави во гаража, наменета за обичен автомобил. „Transition“ ќе се појави на пазарот до 2015 по цена од 270 илјади долари.