05 Декември, 2025
0.0277

ДВЕТЕ ДЕЦА ГИ ЗАСТРЕЛАЛ ВО ГЛАВА, СОПРУГАТА ЈА РАНИЛ, А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ: Брутален масакр на цело семејство извршил албански државјанин во Германија

Објавено во: Стил 28 Декември, 2021 13:19

Добивај вести на Viber

Голема семејна трагедија се случи во Глинде кај Хамбург на Божик, кога татко си ги убил двете деца, ја ранил нивната мајка, а потоа се самоубил.

Германските медиуми јавуваат дека се работи за албанско семејство. Фљамур Р. Ги застрелал двата сина,  а потоа си пукал во глава и починал додека неговата сопруга била во критична состојба. Момчињатабиле на возраст од 11 и 13 години, а нивниот татко ги убил во домот во станбена зграда во Глинде во близина на Хамбург доцна на Божиќ, објавија јавниот обвинител и полицијата во понеделникот во Либек. Очевидци слушнале истрели и ја алармирале полицијата. Само 38-годишна жена преживеала и била примена во болница со тешки повреди. „38-годишната Адвија. Р, мајка на двете момчиња не можеше да ни даде никакви дополнителни информации за самото кривично дело“, изјави портпаролот на јавното обвинителство во Либек. Сепак, таа праша за нејзините деца, соопштил тој за германските медиуми.

Според првите информации, инцидентот имал семејна позадина. Полицијата и јавното обвинителство најпрво не сакаа да соопштуваат повеќе „за да се заштити постапката“, пренесува Focus.de.

„Во моментов се водат судско-медицински вештачења кои потоа треба да дадат информации како се одвивало делото. Кога полицијата влегла во станот затекнала страшна глетка, децата биле застрелани во главата, а на неколку метри лежел Фљамур, а до него било и оружјето со кое било извршено двојното убиство и самоубиството, пренесува Fokus.de.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: