17 Мај, 2024
0.0277

Двете најпрофитабилни домашни компании се банки

Објавено во: Економија 30 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Три банки во петте компании со најголеми профити за првото полугодие годинава, а две од нив најпрофитни компании во конкуренција на 101 акционерско друштво котирано на Официјалниот пазар на Македонската берза. Ниту една од трите банки не е во првите пет компании со најголеми приходи од продажба. Тоа доволно кажува за профитабилноста на банките

Две од трите најголеми деловни банки се најпрофитабилните компании, во конкуренција на 101 акционерско друштво, чии акции се тргувани на Официјалниот пазар, покажуваат официјалните податоци кои ги објави Македонската берза за хартии од вредност за првата половина годинава. Во петте најпрофитабилни котирани компании се трите најголеми деловни банки, најголемата македонска телекомуникациска компанија и индустрија за производство на градежни материјали дел од голем европски концерн.

Многу е значајно тоа што банките се најпрофитабилни и покрај тоа не се најголемите компании на нашиот пазар според остварените приходи од продажба. Што значи дека имаат најдобар сооднос на профит во однос на приходи од продажба (кај нив во приходи од продажба влегуваат бруто приходи од камати и од провизии и надоместоци).

Трендот банките да се најпрофитабилни компании на нашиот пазар не е новина туку попрво константа. Токму во овој факт треба да се бара клучната причина заради која акциите на најголемите деловни банки се речиси секогаш „на менито“ односно во портфолиото како на институционалните инвеститори така и на физичките лица кои вложуваат во хартии од вредност.

Најголеми компании според приходите од продажба за првата половина од годинава се двата гиганти за продажба на нафтени деривати на големи и мало ОКТА и „Макпетрол“ пред фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, по кој следува „Македонски Телеком“ и металуршката компанија „Арчелор Митал“ (ЦРМ).


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи