07 Октомври, 2024
0.0282

Џафери за инцидентот со Груевски: Нема казнени санкции за такво однесување

Објавено во: Македонија 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека нема можност за некаква санкции кон Никола Груевски за тензиите и инцидентот кој се случи на денот на изгласување на Законот за употреба на јазиците. 

„Поради ова сметам дека не треба да се мисли во таа насока, бидејќи за пратениците единствена одговорност е моралната и политичката одговорност која се изразува на парламентарни избори. Јасна е сликата и која е казната за Никола Груевски на парламентарните избори во 2016 и на локалните избори во 2017“, посочува Џафери во интервју за „Гласот на Америка“.

Најавата на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот Џафери го оценува како неспроведување на уставните обврски.

„Уставот не остава можност за алтернатива дали ќе го потпише законот или не, туку тоа е обврска во согласнот на член 75 од Уставот. Моментално чекам да помине предвиденото време. Доколку во првиот случај предвидениот рок е седум дена, со аналогија и во овој сучај треба да е исто. А поради тоа што произлегува како обврска, и обврската нема рокови и Уставот не предвидува рокови за применување на истото. Значи дека тоа е негова обврска“, рече Џафери.

Во однос на инцидентот поттикнат од поранешниот премиер Никола Греувски во текот на гласањето на законот за јазиците, Џафери посочува дека според деловникот на Собранието не се предвидуваат некакви казнени санкции за однесувањето на пратениците во собраниската сала.

Во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене интерпелација  за него во однос на начинот на гласање за законот за јазици, Џафери вели дека ВМРО-ДПМНЕ го избрала медиумскиот пат за комуникација и дека во Собранието немаат поднесено никаков материјал во врска со тоа.

Во однос на заканувачките собири пред куќите на пратениците од СДСМ, Џафери смета дека во моментот кога правото за протест се претвара во насилство и го загрозува животот на некого тоа веќе не е протест.

„Тоа е казниво дело и е одговорност на соодветните институции, кои мора да го обезбедат животот и имотот не само на пратениците, туку и на секој граѓанин во Република Македонија“, вели Џафери во интервју за „Гласот на Америка„.

Според него овој начин на однесување може да има негативно влијание врз одлуките на Брисел за почнување на преговори со Македонија за членство во ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме