Џејми Оливер ги критикува сиромашните Британци дека фрлаат пари на готови јадења
Објавено во: Стил 28 Август, 2013 11:00
Џејми Оливер, најпознатиот телевизиски готвач, чие богатство се проценува на 150 милиони фунти, ги критикувал сиромашните семејства во Британија поради лошиот начин на исхрана. Тој истакнал дека сиромашните фрлаат пари на готови јадења, а поевтино би било самите да готват од остатоците.
Според мислењето на Оливер, сиромашните во Велика Британија се хранат многу полошо од луѓето со иста економска моќ од други земји. Тој навел пример за семејство кое јаде нездрава храна, но затоа не штеди на купување на голем телевизор.
„Најкреативната храна доаѓа од деловите на светот каде живеат сиромашните. Евтините шницли можат да бидат неверојатно вкусни, баш како и бајатиот леб. Не сакам да судам, но минав многу време со сиромашни семејства и ме фасцинира тоа што прилично скапо се хранат, со готови оброци“, изјавил Џејми за „Би-би-си“.
Ѕвездата на серијалот „Голиот готвач“ смета дека за готвење не се пресудни парите, туку фантазијата.
„Кога ќе ми кажат „Ти не знаеш како ни е“, ми доаѓа да ги прегрнам и да ги телепортирам во Сицилија, каде еден чистач на улици има само пакетче шпагети, малку школки и домати, а сепак прави неверојатна паста. Одете во Италија или Шпанија и ќе видите како се јаде за малку пари. Тоа во Британија го нема“, кажал тој.
Џејми следната недела ќе ја претстави својата нова емисија „Оброците на Џејми за заштедување пари“ (Jamie’s Money Saving Meals).
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





