Џузепе Конте ќе побара во ноември да се разговара за датумот?
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019
Премиерот на Италија, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и за Албанија ќе биде запаметена како историска грешка.
Италијанскиот премиер се надева дека очајот нема да доведе до најдлабока болка.
Според Ројтерс италијанскиот премиер Џузепе Конте најавил дека ќе побара да се разговара за датумот за преговори за Македонија и за Албанија веќе во ноември.Македонија не доби датум за преговори со Европската Унија. Задутре кај шефот на државата, Стево Пендаровски ќе има лидерска средба поради најновите случувања на политичката сцена.