Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2025 06:28
Британската амбасада во Македонија преку социјалните мрежи соопшти дека по средбата меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај, Велика Британија и Македонија воспоставиле Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји.
„Како дел од ова, земјите потпишаа партнерство меѓу влади за реализација на критични инфраструктурни проекти во Македонија. Оваа соработка беше зајакната и од двајцата премиери на Берлинскиот процес што Велика Британија се одржа во октомври оваа година. Дополнително, двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнување на безбедноста и справување со криминалните мрежи. Ние стоиме цврсто зад нашиот сојузник во НАТО за да го унапредиме просперитетот, безбедноста и економскиот раст“, велат од Амбасадата.
Претходно, британски „Тајмс“ објави вест дека Македонија и Британија преговараат за преземање мигранти кои во земјава би имале и дозвола за работа, а за тоа Македонија да доива пари од Лондон, но беше веднаш негирано од владејачка ВМРО-ДПМНЕ.Амбасадата во својата изјава не ги споменува објавите на „Тајмс“ и не дава конкретни ставови на нивните детални наоди за тоа каков договор се подготвува меѓу британската и македонската влада за мигранти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“
Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира
Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме





