Ѕвездено небо во чест на Тоше
Објавено во: Стил 03 Октомври, 2013 15:17
„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, петтиот музички хепенинг обожавателите на Тоше Проески ќе го организираат в недела, 6 октомври, од 19.30 часот на плоштадот „Македонија“.
- Дојдете да ја исполниме неговата желба, секоја година да не има во што поголем број. Заедно да се сеќаваме, пееме и да го славиме животот на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески. Тагата никогаш нема да запре, но неговата големина секогаш ќе ги грее нашите срца, соопшти фан-клубот на Тоше.
Ѕвезденото небо се одржува секоја година на 5 октомври во сеќавање на последниот концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, одржан на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје. Оваа година е поместен за ден подоцна зашто в сабота во центарот на Скопје ќе се одржува манифестацијата „Бела ноќ“.
Во Домот на АРМ в сабота од 9 до 18 часот ќе биде организирана и крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?", на која ќе има изложба на уметнички слики со ликот на Тоше од младиот уметник Александар Поповски.
- Хуманоста не смее да биде наша обврска, хуманоста треба да стане наше задоволство и духовна храна. И овојпат да покажеме дека во Скопје и Македонија живеат граѓани кои на дело ја изразуваат својата хуманост следејќи го примерот на нашиот Тоше, апелираат обожавателите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





