28 Ноември, 2024
0.0281

ЕБОР: Богатите во Македонија се сè побогати, а сиромашните се подлабоко тонат!

Објавено во: Економија 31 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во текот на изминатата деценија, приходот по глава на жител и животниот стандард во Македонија се подобрени, иако со нешто побавна динамика во споредба со најголемиот број земји од регионот на Југоисточна Европа, пишува во Стратегијата за Македонија објавена од страна на Европската банка за обнова и развој.
„Реалниот БДП по жител се зголеми за 36,2% во декадата до 2011 година, наспроти регионалниот просечен пораст од 55%. Меѓутоа, порастот на приходите беше придружен со пораст на нееднаквоста. Во 1998, најбогатите 20 проценти од населението добиваа помалку од 40 проценти од националниот доход, но, по една деценија, таа бројка порасна на 50 проценти, забележуваат од ЕБОР.
Во текот на истиот период, делот од националниот доход кој им припаѓа на најсиромашните 20% од населението падна од 6,5 на 5,1 процент. Освен тоа, во услови на приход по глава на жител од 10.469 долари прилагоден од аспект на паритетот на куповната моќ и стапката на сиромаштија по глава на жител од околу 35 проценти, Македонија и натаму е една од најсиромашните земјите во Европа.
„Стапката на невработеност во Македонија е една од највисоките во Европа - 30,6% од работоспособната сила (во третото тромесечје од 2012) и многу мал напредок е постигнат во текот на изминатата деценија за ублажување на овој проблем. (Според Светската Банка, стапката на сиромаштија по глава на жител се дефинира како процентот на население кое живее со помалку од 5 долари на ден, прилагодени од аспект на паритетот на купивната моќ).
Освен тоа, статистичките податоци за пазарот на трудот имаат значителна родова и регионална димензија, наведуваат од ЕБОР.
„Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност кај жените во 2011 година изнесувала 35 проценти, што е значително пониско од 52 проценти невработени мажи, што главно се должи на пониската стапка на активност на жените (44,7 проценти кај жените и 68,8 процентикај мажите). Стапката на невработеност варира во значителна мера во регионите, од најниската стапка од 9,3 проценти во југоисточниот, до највисоката од 59,6 проценти во североисточниот регион. Невработеноста е повисока во градските средини одошто во руралните (32,6 проценти наспроти 30,3 проценти ), веројатно поради значително поголемата концентрација на населението во урбаните средини (во 2010, околу 60 проценти од населението живеело во урбаните подрачја).“
Распределбата на приходот, исто така, варира значително во различните региони. Според податоците од заводот за статистика, главниот град Скопје во 2010 година имал највисок приход по жител од околу 318.000 денари (околу 5.170 евра), што е приближно 50 проценти над просекот на земјата од 211.000 денари ( 3.430 евра ) и над три пати повеќе од најниското ниво на приход во Полошкиот регион. Пристапот до образование е сé уште под стандардите на ОЕЦД.  „Стапките на запишување во основно училиште се околу 85 проценти, наспроти речиси стопроцентните стапки во ОЕЦД. Иако не постои значителна разлика во стапките на стекнување образовани е помеѓу мажите и жените на сите образовни нивоа во Република Македонија, постои значителен јаз во образованието меѓу урбаните и руралните средини. Разликата е особено нагласена на повисоките нивоа на образование. “ Кризата удрила по џебот на граѓаните  Иако глобалната финансиска криза не ја погоди економијата на Македонија со истиот ефект како нејзините соседи од Југоисточна Европа, резултатите од Истражувањето за животот воТранзиција на ЕБОР и Светска Банка, спроведено кон крајот на2010 година,покажуваат дека перцепцијата на населението за последиците од кризата е, сепак, доста висока. Околу 60 процентиод домаќинствата изјавиле дека кризата ги погодила или во голема или во значителна мера, наспроти просекот од 42 проценти во целиот регион во транзиција. Голем број од домаќинствата изјавиле дека биле принудени да ги намалат трошоците за основните потреби, како основна исхрана и здравствени услуги, за да ја преживеат кризата. С.Н.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места