ЕБОР даде 500 милиони евра кредит за Украина за итна набавка на гас
Објавено во: Економија 13 Август, 2025 12:05
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе ѝ додели заем од 500 милиони евра на украинската државна гасна компанија Нафтогас (NAK) за финансирање итни набавки на гас, со цел зајакнување на енергетската безбедност на земјата, која оваа година е сериозно нарушена од повторените насочени руски напади. Ова е најголемиот единечен заем што Банката го одобрила во Украина.
Заемот со револвинг структура е поддржан со гаранција од Европската Унија, која покрива 90 проценти од износот, во рамките на Инвестициската рамка за Украина – механизам насочен кон обезбедување средства за закрепнување и долгорочен развој на земјата.
Новата финансиска поддршка следи по големите руски напади врз постројките за производство и преработка на гас на Нафтогаз во првата половина од 2025 година, при што се предизвикани значителни загуби во производството и зголемена потреба од увоз на гас додека компанијата ги обновува оштетените капацитети.
Ова е четвртиот пакет финансирање што ЕБРД го обезбедува за Нафтогас од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина во 2022 година. Со него, вкупната поддршка на Банката за компанијата достигнува 1,6 милијарди евра – од кои 1,27 милијарди евра во заеми и 330 милиони евра во грантови обезбедени од Норвешка преку ЕБРД.
Трансакцијата, исто така, ќе ги поддржи реформските цели од претходната соработка со ЕБРД, при што Нафтогас работи на интеграција на украинскиот гасен пазар со пазарот на ЕУ. Компанијата ќе набавува природен гас на конкурентен начин од 30 претходно квалификувани добавувачи, според стандарди на Европската федерација на трговци со енергија.
ЕБРД е најголемиот институционален инвеститор во Украина и од почетокот на војната има пласирано повеќе од осум милијарди евра во земјата, се наведува во денешното соопштение од оваа институција. Петте приоритети на Банката во Украина се енергетска безбедност, витална инфраструктура, безбедност на храната, трговија и приватен сектор.
Инвестициската рамка за Украина е дел од механизмот „Фонд за Украина“ на ЕУ во вредност од 50 милијарди евра, наменет за привлекување јавни и приватни инвестиции за закрепнување и реконструкција. Рамката располага со финансиски инструменти во износ од 9,3 милијарди евра – 7,8 милијарди во гаранции за заеми и 1,5 милијарди во комбинирано финансирање – со цел да се мобилизираат 40 милијарди евра за обнова, реконструкција и модернизација на Украина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





