19 Декември, 2025
0.2677

ЕДЕН ДЕН ПРЕД ПОЧЕТОК НА ГРЕЈНА СЕЗОНА РКЕ ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДУВА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ПАРНО, ќе имаат ли Скопјани топли радијатори викендов?

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2022 07:16

Добивај вести на Viber

За денеска е закажана подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика, на која ќе се разгледуваат одлуки за издавање лиценци за регулирано производство на топлинска енергија. Исто така на дневен ред е и одлука за лиценца за дистрибуција на топлинска енеригја како и лиценцата за снабдување со топлинска енергија .

Во одлуката за издавање лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија е посочено дека на друштвото со ограничена одговорност основано од едно лице ЕСМ ПРОДАЖБА му се издава лиценцна за вршење на дејноста регулирано производство на топлинска енеригја.

-  Со Одлуката за наметнување обврска за обезбедување на јавна услуга за регулирано производство на топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, Владата на Република Северна Македонија на Друштвото со ограничена одговорност основано од едно лице ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје му наметна обврска за обезбедување на јавна услуга за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите на дел од подрачјето на Градот Скопје за обезбедување на непрекинато функционирање на системот за топлинска енергија и заради сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на подрачјето на Град Скопје до 30 април 2023 година, ги пропиша условите што мора да ги исполни друштвото на кое му се наметнува обврска за јавна услуга и го задолжи да достави барање до Регулаторната комисија за енергетика да достави барање за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија и да поднесе докази за исполност на условите – се наведува во образложението кое на денешната седница на РКЕ ќе биде разгледувано од членовите на ова тело.

Во одлуката се посочува дека „ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје ќе ја извршува дејноста регулирано производство на топлинска енергија со намален број на извршители во однос на просечниот број со кои во последните години успешно се извршуваше оваа дејност од технички аспект“. Заради ова, комисијата препорачува ЕСМ ПРОДАЖБА да го зголеми бројот на извршители на ниво на просечниот број во оваа енергетска дејност, и тоа со лица кои имаат искуство, со долгогодишен континуитет во работата кај сите досегашни носители на лиценца за регулирано производство на топлинска енергија. РКЕ исто така препорачува ЕСМ ПРОДАЖБА покрај извршители од техничката струка да вработи и извршители од другите нетехнички струки со искуство во извршувањето на дејноста, заради нејзината специфичност и уникатност.

На денешната седница РКЕ ќе ги разгледа и лиценцата за дистрибуција, со која се утврдува дека ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје ќе ја извршува енергетската дејност дистрибуција на топлинска енергија со намален број на извршители во однос на просечниот број, па РКЕ повторно препорачува да го зголеми бројот на извршители и тоа со лица кои имаат искуство во извршувањето на дејноста.

Третата одлука која РКЕ ќе ја разгледува е за снабдување со топлинска енергија, која ќе ја добие ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје. Како и при претходните две лиценци, Регулаторна препорачува компанијата да го зголеми бројот на извршители со лица кои имаат искуство во дејноста, како и извршители од другите нетехнички струки со искуство во извршувањето на дејноста, заради нејзината специфичност и уникатност.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба