07 Декември, 2025
0.0417

„ЕДЕН ДЕН СИТЕ ЌЕ ЗАМИНЕМЕ ОД ОВОЈ СВЕТ“: Мицкоски објасни колку е сигурно дека нема да има зголемување на платите на функционерите

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2024 10:22

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска за медиумите изјави дека функционерските плати нема да се зголемат и дека тоа е сигурно како што е сигурно дека еден ден сите ќе заминеме на оној свет. Како што посочи, тоа најверојатно ќе се направи преку корекција на коефициентите на платите.

- Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите - кажа премиерот пред почетокот на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“.

Беше предвидено платите на функционерите од јануари 2025 година повторно да се зголемат согласно растот на годишната просечната плата, која е основица за пресметување и тоа од околу 330 евра за највисоките функционерски плати за премиерот, претседателот и спикерот, до околу 130 евра за најниските.

Тоа што во февруари годинава со измена на шест закони беа намалени коефициентите на сложеност со кои се множи основицата при пресметката на платите помогна само да не им пораснат примањата во оваа 2024 година, за да не им растат и во 2025 година Владата би требало на Собранието да му предложи повторно да ги намали коефициентите за пресметка или да го исполни ветувањето за носење на нов системски закон за платите во јавниот сектор, но засега е неизвесно што ќе се случи.

Избраните и именувани функционери од април минатата година земаат плати повисоки за 78 отсто, што предизвика незадоволство и протести кај разни групи работници и кај пензионерите. Работниците бараа и нивните плати да пораснат за онолку за колку што пораснале функционерските, но тоа не се случи. Вработените во јавниот сектор лани добија за 10 отсто повисоки плати.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени