20 Декември, 2025
0.1285

ЕДЕН ДЕН СО ТИМОТ НА НЕОКОМ: Македонски исчекор во високата технологија!

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2015 08:25

Добивај вести на Viber

Оформен уште во далечната 1990 година како акционерско друштво со целосно македонски капитал, „Неоком“ е една од водечките бизнис ИТ компании. Низ годините се етаблира како репер за останатите ИТ компании на македонскиот пазар, континуирано инвестирајќи во професионализација и едукација на сопствениот кадар, како и градејќи здрав екосистем со своите клиенти. Партнерствата со голем број производители на софтвери и ИКТ опрема овозможија „Неоком“ на пазарот да понуди решенија кои најдобро ќе се вклопат дури и кај корисниците со специфични потреби. Покрај инвестицијата во вработените, „Неоком“ континуирано инвестира во професионалноста и имиџот на самата компанија, имплементирајќи ги меѓународните стандарди за квалитет. Во 2005 година, „Неоком“ го оформи интернет и телекомуникацискиот оператор „Неотел“, со што на своите клиенти им овозможи зголемен избор во интернет и телекомуникацискиот пазар. Во интервју за „Фактор“, од оваа компанија раскажуваат за развојот на компанијата, за идните проекти, конкуренцијата, сивата економија, за она што е клучно за успехот. Зборуваа г. Даме Цветковски, директор за продажба и системска интеграција на „Неоком“, г. Красимир Петрески, раководител на секторот за развој на софтверски решенија, г. Јане Антов, раководител на секторот за системска интеграција, г. Горан Кубелка, раководител на секторот за одржување, и г. Славко Костадиновски, раководител на секторот за продажба. Разговараше: Владимир Ставров ФАКТОР: Дали ИКТ секторот во Македонија се движи во вистински правец и со темпо кое е задоволително за потребите на „Неоком? Цветковски: ИКТ секторот е услужна дејност и директно зависи од кондицијата на целото стопанство и на целото општество. Без здраво општество (во смисла на државна администрација, образование и главната индустрија) и фактот колку се тие во кондиција да апсорбираат ИКТ решенија, од тоа зависи и колку ние ќе бидеме успешни. 11281854_10205536016153324_2142059218_oЗа жал, состојбата не е сјајна и темпото со кое се движат работите не задоволува. Ние работиме на решенија кои се технолошки на повисоко ниво, но денес многу често работиме на елементарни решенија кои се неопходни за компаниите. Знаете, буџетите се релативно ниски и затоа мораме да се насочуваме кон поедноставни решенија. Кај нас недостасуваат високотехнолошки и комплексни решенија. Има светли точки и во државната администрација и во стопанството, но во просек заостануваме зад развиениот свет. ФАКТОР: Колку е силна конкуренцијата во овој сектор и како се справува „Неоком“со неа? Цветковски: Конкуренцијата е силна, имаме присуство на мултинационални компании преку ќеркински фирми во Македонија, а на јавни тендери кај нас директно учествуваат и странски фирми. Пазарот е мал и релативно сиромашен, но од друга страна, конкуренцијата е здрава и нормална работа. Таа нè мотивира постојано да ги следиме последните технолошки достигнувања во ИКТ индустријата и сè повеќе да ги усовршуваме нашите услуги. ФАКТОР: Имате ли проблем со нелојалната конкуренција и со сивата економија? Цветковски: Нелојална конкуренција секогаш има, но тоа не е нешто доминантно и многу присутно во нашиот бизнис. Сива економија можеби има во оној дел на малопродажбата каде што не сме толку присутни, меѓутоа мислам дека политиката за ниска даночна стапка на ДДВ од 5% на компјутерите и софтверите е клучот кој ја минимизира сивата економија во ИКТ индустријата. ФАКТОР: Како го решавате проблемот со ангажирање квалитетен кадар, со оглед на тоа што техничките струки стануваат сè побарани на пазарот? Цветковски: Многу тешко. Особено со делот на софтверското инженерство, каде што имаме проблем со регрутирање квалитетен кадар. 11347570_10205536016193325_180135016_oПетрески: Проблемот е во тоа што не можеме да ги задржиме тука. Во Македонија има голема флуктуација и тие бегаат надвор од државата каде што примањата се многу повисоки. Или имаме случаи со странски фирми кои овде отвораат свои експозитури, па младите сè повеќе се насочуваат кон нив. Тешко е, но успеваме. Со последниве неколку вработувања кај нас ние сме задоволни што имаме многу квалитетни млади инженери. Цветковски: Со настап на пазарот во сегментот за системска интеграција, инженерите во нашата фирма имаат предизвик да совладаат некои технологии, за што не би имале можност доколку би работеле во некоја фирма која е корисник на решението. Корисниците на ИКТ решенија не инвестираат толку во стручното знаење, туку се фокусираат на чиста експлоатација, односно на практичната примена на решенијата, додека спроведувањето и одржувањето го препуштаат на професионални компании. Во Македонија постојат неколку фирми кои се занимаваат со примена и одржување на високотехнолошки решенија и во тоа е нашата предност, бидејќи како компанија сме постабилни во смисла на флуктуацијата на кадарот. ФАКТОР: Кој пазар е поинтересен за „Неоком“, домашниот или странскиот ? Цветковски: Доминантно сме ориентирани кон нашиот пазар, кон примена и одржување на нашите услуги. Нашата активност претпоставува физичка присутност кај корисникот и затоа сме поприсутни на домашниот пазар. Секојдневно одржуваме контакти со нашите странки, голем дел од задачите се вршат во просториите на корисниците. 11273808_10205536017593360_879956100_o Но, не го занемаруваме и странскиот пазар, барем не оној во поблиското опкружување. Работиме на доста проекти, меѓутоа во партнерство со тамошни локални фирми, бидејќи, пак ќе кажам, потребно е присуство на самиот пазар поради секојдневен контакт со странките. Имаме успешни проекти и надвор. Би го посочил Косово, каде што има мали фирми на кои им треба партнерство да се етаблираат и да се развиваат на пазарот, а ние сме дел од нивниот развој. ФАКТОР: Дали веќе поставивте нова стратегија за развој на услугите што ги нудите на домашниот и на странскиот пазар? Цветковски: Една од стратешките одлуки на „Неоком е диверзификација на дејностите. Она што „Неоком како систем интегратор-компанија го имплементира се целосни решенија, поврзани со одржување и комплетни софтверски решенија. 11354659_10205536016873342_662173429_o Меѓутоа, увидовме дека на пазарот има одредено заситување, па не може да се расте многу бргу, туку онолку колку што дозволува пазарот. Отидовме и на еден план на диверзификација на услугите, така што во семејството на „Неоком имаме уште три фирми со кои делуваме на пазарот. Првата е „Неотел како телеком оператор која постои веќе 11 години, и драго ни е што претставува уште една успешна приказна, како и нејзината мајка-фирма – „НЕОКОМ“. Потоа ја имаме „Рема компјутери“, како дистрибутер на ИТ опрема и ја имаме софтверската фирма „НеоДата“ која работи на развој на апликативни решенија. Заради прилагодување на пазарот каде што веќе и набавката на хардвер не е на тоа ниво како што беше, на пример, во 2008 година, и ние полека правиме трансформација на самиот начин на размислување во делот на управувани ИКТ услуги, па така минатата година во септември и официјално почнавме со проектот  neoCloud, во јавноста познат како „cloud computing платформа. Овој систем е погоден и за домашни и за странски компании, но исто така и за физички лица. Веќе имаме доста големи корпорации како клиенти, но и мали фирми кои се веќе етаблирани на пазарот. 11303757_10205536016473332_1236657810_oАнтов: neoCloud е бренд од портфолиото на професионални ИКТ услуги во соработка со интернет и телеком провајдерот „Неотел“. Целта на „neoCloud“ e да овозможи комплетна услуга во делот на ИКТ индустријата на сите потенцијални клиенти, без разлика на нивната големина и без инвестициски трошоци на принципот на месечно изнајмување ресурси и услуги. На овој начин се овозможува поголема агилност на клиентите и нивни фокус во примарната дејност на сопствениот бизнис. Преку услугата vDC (Virtual Data Center) клиентите имаат на располагање безбеден и високо достапен податочен центар во виртуелизирана околина. Со оваа услуга се овозможува компаниите да добијат сопствен податочен центар без никакви инвестициски трошоци, додека наплатата е базирана на месечни фактури според потрошените ресурси. Со тоа на пазарот сакаме да понудиме едно повисоко ниво на ИКТ услуги и да не ги ограничуваме клиентите само на услуги за хардверски ресурси, туку на комплетни решенија за кои со мала инвестиција, која пред сè е погодна за денешното информатичко време во кое живееме, во кое со сигурност не знаеме како ќе се движи економијата, па можеме да купиме онолку ресурси колку што ни се потребни за тековното функционирање на компанијата.. Моментално работиме на македонскиот пазар, планираме услугите да ги прошириме во Косово и во Албанија, а до крајот на годината и во Бугарија. Веќе сме членка во Cloud28+ организацијата која ги оформува сите Cloud оператори во Европа, па за понатаму ќе видиме. 11211710_10205536017073347_1053993101_o ФАКТОР: Дали имате во план да развивате и да се посветите на нови услуги и кои сектори би ги опфатиле тие? Цветковски: Она што досега го имаме, а го спомнавме, е „neoCloud“, во делот cloud computing што претставува еден светски тренд и тој на некој начин ги обединува сите оние апликативни услуги, така што она што во моментов ние го нудиме - инфраструктура и платформа како услуга, полека ќе го надополнуваме асортиманот на понудата со конкретни апликативни решенија, но треба да се направи еден реинженеринг и, секако, да се развиваат нови решенија кои ќе бидат во тренд со потребите на клиентите. Во делот на „neoCloud“, оформуваме и партнерска програма, така што која било  компанија, дури и наша конкурентска, може да понуди решенија директно на нашата платформа. Неоком е oснована во мај 1990 година под името „Макпетрол компјутери“ како акционерско друштво, во 1997 година се ребрендира во „Неоком“ и почнува да го гради најголемиот македонски информатички бренд ФАКТОР: Оваа година во мај прославивте 25 години од основањето. Колку сте задоволни од досегашните активности и од постоењето на пазарот? Цветковски: 25 години е долг период од кој сме навистина задоволни. „Неоком“ е меѓу првите приватни фирми кои се појавија на пазарот, а фактот што континуирано растеме е само показател за успехот. Се гордееме што сме 100% македонска фирма, наш капитал, со македонски вработени, стручни лица од висок ранг кои можат да се носат рамо до рамо со светските стручњаци од ИКТ технологијата. Го имаме главниот технолошки партнер „ХП“ со кој имаме постигнато највисок степен на партнерски однос, што е реткост во регионот. 11351089_10205536017033346_4791491_o „ХП“ во многу наврати има побарано услуги од нас, за инсталации на Cloud услугите во други земји. Сме имале партнерски проекти со нив во Молдавија, Србија, Косово и Грција. Секаде каде што не можеле да најдат стручни лица на локалниот пазар, нè ангажирале нас. 11293516_10205536016233326_1461403775_oКубелка: „НЕОКОМ“ е единствен овластен сервисен партнер за ИТ производи од „Самсунг“ во Македонија (зборуваме за компјутери, лаптопи, печатачи, таблети,...). Ова, од една страна, е голема доверба од страна на „Самсунг“, а од друга страна, е и наша голема одговорност, бидејќи „Самсунг“ е сепак еден од најреспектабилните брендови во светот кој се одлучи да соработува со нас. ФАКТОР: Што, според вас, е најважно за да се успее во овој бизнис и во кој сегмент од овој пазар гледате најголема перспектива? Цветковски: За успех е потребен, пред сè, квалитетен кадар кој постојано ќе се дообразува за да го следи нивото на развојот на високата технологија. Информатичката технологија е гранка со бурен развој каков што другите сектори можеби не паметат одамна, секој ден има нови решенија, нови фирми на пазарот, и сето тоа да се собере и да се осознае, за да може потоа да се имплементира во секојдневното работење, луѓето (вработените) треба континуирано да се дообразуваат. Секојдневното учење и следење на трендовите е тоа што нас нè прави успешни бидејќи не штедиме средства на образовниот процес на нашите вработени. 11354534_10205536017393355_1305833144_o Од една страна нè притиска интернет-пазарот, а од друга страна, партнерите. Знаете, големите светски производители наметнуваат строги правила на сертификација на луѓето кои работат со нивните решенија. Тоа е една долгорочна стратегија во насока на движење на фирмата, конзистентност и адаптибилност, бидејќи, како што напоменав, пазарот постојано се менува, трендовите се менуваат и паралено со нив мора да се менувате и вие, следејќи ги трендовите. 11293263_10205536017833366_1129259872_o Кога економијата не е во добра состојба, потребно е да успеете да се одржите, да опстанете и финансиски и да ги задржите вработените, а од друга страна, кога ќе се рашири пазарот да можете бргу да реагирате и да ги пополните слободните места. Истото важи и за технологијата. Таа секој ден се менува, па ако не ја следите, ќе ве прегази конкуренцијата. Нашата мисија е: Квалитетни и доверливи решенија базирани на најновите бизнис-технологии, нивна примена, поддршка и одржување, преку континуиран мониторинг и надградување.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии