27 Април, 2024
0.0296

ЕДЕН КОЛЕГА ГО БРКАА СО СЕКИРА, ДРУГ БЕШЕ ИСТЕПАН - Новинарите преку марш бараат подобри работни услови

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Новинарите и медиумските работници од земјава преку протестен марш денеска го изразија незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањта и небезбедите услови за работа. 

Денес членови на Здружение на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници преку протесниот марш од Владата до Собранието го искажаа своето незадоволство. 

„Нема да молчиме”, „Стоп за агресивниот државен пи-ар“, „Сиромаштија е еднакво на автоцензура“, „Работиме за граѓаните, а не за политичарите“, „Партии мартии, рацете подалеку од новинарите“ се само дел од пораките на транспарентите кои денеска ги носеа новинарите и медиумските работници на протестниот марш во Скопје. 

Маршот се одржува со мотото „марш за одбрана на новинарското достонство“, а претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски изјави дека е време да се смени ваквиот амбиент и да се случат промени.

- Работите тапкаат во место и се влошуваат. Владата создаде најголема редакција во земјава. Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое треба да биде. Излегуваме на протест за да спречиме тендециите да ни се преточат во нешто пострашно. Еден колега го бркаа со секира, друг колега беше истепан, колешка беше навредувана, друга колешка добиваше смртни закани. Ова стана секојдневие. Ваквиот амбиент не сакаме да го градиме и сакаме да му кажеме стоп. Ова е вистинскиот момент да се чуе нашиот глас - изјави Чадиковски.

Претседателот на ССНМ Павле Беловски рече дека е повеќе од итно треба да се донесат законски решенија кои се важни за правата на новинарите и за работата на медиумите и нивно доследно имплементирање.

- Сведоци сме на една атмосфера во која новинарите се сѐ повеќе шиканирани, навредувани, понижувани. Оваа ситуација мора да сопре. Нападите врз новинарите и медиумските работници се напад врз јавноста - изјави Беловски.

Новинарите бараат јавните функционери и политичарите да ги почитуваат и нив и снимателите, тие исто така бараат да престане агресивниот државен пиар, поголема поддршка за локалните новинари и медиуми и почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници како и безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

На протестот се приклучи и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел