23 Април, 2024
0.0271

Познат актер ќе го подели своето богатство

Објавено во: Стил 25 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Еден од најславните актери го подарува богатството во хуманитарни цели. 

Кинеската филмска ѕвезда Чау Јун Фат, мултимилионер кој се прослави во акциони филмови и во светски познатиот филм „Crouching Tiger, Hidden Dragon“, вели дека ќе го донира богатството во хуманитарни цели по неговата смрт, пренесува Guardian.

Се проценува дека има богатство од околу 630 милиони евра.

63-годишен актер од Хонг Конг вети дека парите ќе ги донира во добротворни цели. 

За првпат се појави на листата на Forbes за најбогати луѓе во 2015 година, делејќи го 24 место со Расел Кроу. 

„Парите не се нешто што вечно ви припаѓа. Кога ќе умреме, на другите им остануваат да ги користат“, вели тој.

Тој е познат по скромниот начин  на живот, се вози со градски превоз и често чека во долги редици за да купи билет за филм во кој тој глуми.

Неговата сопруга Јасмин Тан, која вели дека и покрај парите тој често јаде храна подготвена на улица како што е обичај во Кина. Таа додава дека актерот никако не сакал да се одвои од својата сакана Nokia сè додека уредот не се расипал. 

Тој се женел два пати, но нема деца. 

Актерот глумел во повеќе од 120 филмови и 24 ТВ серии.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган