Еден од пет Европејци би можел да ја помине староста во сиромаштија
Објавено во: Економија 28 Август, 2025 13:24
Еден од пет Европејци веќе е изложен на ризикот да биде сиромашен во старост, а земјите од Европската Унија треба да спроведат итна реформа на сегашниот пензиски систем, предупреди директорката на Европската служба за осигурување и пензии со седиште во Франкфурт, Петра Хилкема.
„Тоа е неверојатно висок процент, а за жените ризикот е за 30 проценти поголем“, изјави таа за Политико.
Според неа, земјите од ЕУ треба автоматски да ги регистрираат вработените во пензиските системи за да го заштитат населението кое старее со забрзано темпо.
Ситуацијата само ќе се влоши, а за 40 години ќе има само 1,5 вработени на секој пензионер, што е двојно помалку од сегашниот сооднос.
Со децении, стандардниот европски модел се потпираше на државниот пензиски систем на владата, кој се грижи за постарите граѓани, наведува Политико.
foto freepik.com/drobotdean
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




