22 Јануари, 2025
0.0293

ЕДЕН УСТАВ, СТОТИЦИ ТОЛКУВАЊА: Се чека потегот на Иванов кој се мисли на кој да му го даде мандатот

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на државата одлучи да молчи и денеска, два дена откако стана јасно дека владеачката гарнитура нема парламентарно мнозинство да направи Влада.

Ниту едно официјално соопштение не излезе во јавноста од кабинетот на Иванов кое ќе ги побие брифирањата во медиумите.

Не се знае дали шефот на државата е информиран од официјалните служби на Собранието дека првиот мандатар не успеа да состави Влада.

„По добивање официјално известување од страна на Собранието на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии“, шпекулираа вчера дел од медиумите повикувајќи се на МИА.

„Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада“ - рекле од кабинетот на Иванов. 

Низ медиумите проструи и информација дека од собраниската служба  му е одговорено на претседателот Иванов, односно е известен официјално дека првиот мандатар нема Влада.

ЕДЕН УСТАВ, РАЗЛИЧНИ ТОЛКУВАЊА

Од погоре напишаното може да се забележи дека Уставот е недоречен . Не пишува што ако првиот мандатар не состави Влада.

Што вели Уставот на РМ може да прочитате овде!


Разни експерти, професори, аналитичари на различен начин го толкуваат мандатот.

Професорката на Правниот факултет Каролина Ристова Астеруд на социјалните мрежи пишува дека уставот е јасен и дека мандатот за состав на влада оди кај опозицијата.

„Уставот си е јасен, мандатот за состав на влада оди кај СДСМ, не туку криви-дрини измислување, така е и насекаде. Ако ништо друго, да не му истекне на народецов дека може и без (политичка) влада, не е дека не сме по "самоуправувањето", па после цел политички ешалон да ни остане без работа“, пишува Ристова Астеруд на Фејсбук.

Нејзината колешка исто така од Правниот факултет има различно толкување.

Тања Каракамишева Јовановска толкувајќи го членот 90 од Уставот смета дека мандатот за формирање на нова владина коалиција треба да остане во победничката партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Според  Каракамишева Јовановска Уставот е недоречен и не предвидува што токму треба да се направи во ситуација откако истекол рокот од 20 за нов состав на влада. 

Таа потенцира дека нема поинакво толкување освен тоа дека мандатот останува во рацете на партијата која освои најмногу пратенички места во Собранието.

Професорот Бајрам Положани пак, вели дека Иванов не постапил според уставот и му го дал мандатот на Груевски без претходно тој да обезбеди парламентарно мнозинство.

Член 90 од Уставот е јасен:  „Претседателот на државата мандатот го доделува на политичката партија или партии и коалиции кои имаат мнозинство во Собранието.“

Положани е уверен дека во  текот на овие 2-3 дена ќе се формира мнозинство за кое ќе биде известен претседателот и претседателот ќе треба да му го додели мандатот на кандидатот на тоа мнозинство кое ќе има политички потенцијал да избере и претседател на Собранието.

Уставниот судија, Трендафил Ивановски пак оценува дека доколку претседателот се држи до Уставот мандатот треба да го довери на втората партија која освоила најмногу гласови, а тоа е СДСМ, при што претходно треба да направи консултација да се види дали партијата има обезбедено мнозинство во Собранието односно дали има 61 пратеник за да се избере Влада. 

Засега сите очи остануваат вперени во претседателот. Многумина сметаат дека доколку мандатот и биде доверен на истата партија, односно на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе значи кршење на Уставот и подигрување со народот како и обид со сила да се задржи власта.

И ЕУ го повика Иванов брзо да се најде политички лидер кој ќе формира Влада

„Како што знаете, државата нема време за губење, и во тој поглед очекуваме претседателот согласно Уставот, да повика на итни отворени консултации со политичките сили во земјата, и брзо да изнајде политички лидер во земјата за формирање на Влада, кој може да најде заедничка подлога за формирање на стабилна и солидна коалиција. И како што рековме претходно, таква коалиција треба да биде што е можно поширока и да се потпира на силен, сеопфатен реформски консензус и меѓуетничка соработка“, ја потенцираше вчера Коцијанчич пораката на Европската Унија.

И понатаму сите опции и игри на партиите остануваат отворени, се додека не се јави шефот на државата.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција