Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2025 12:39
Основното јавно обвинителство Прилеп денеска чека известување од полицијата за тоа како пред два дена паднал 11-годишниот шестооделенец од прозорец од третиот кат од основното училиште „Гоце Делчев“.
Според в.д. основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиоска, овинителството претходно ѝ дало насоки на полицијата како да постапи и да ги извести.
Ученикот падна од највисокиот, трет кат, и се здоби со тешки повреди. Потоа увид направи полицијата на местото на настанот. Од училиштето известија дека станува збор за примерен, трудољубив, дружељубив одличен ученик и дека направиле сѐ за да помогнат.
- Од досегашните сознанија сметаме дека станува збор за несреќен случај, но на полицијата ѝ дадовме насоки да изврши разговори со медицинските лица кои интервенирале во случајот, со вработените од училиштето и со други лица. Во текот на денешниот ден ќе добиеме извештај од полицијата за да се знае како понатаму да се постапи, изјави Салатоска Илиоска заСител.
Немилиот настан се случил од непознати причини во понеделникот, на 20 јануари во 14,35 часот, на големиот одмор во попладневната смена. Веднаш била повикана Итна помош и лекарите го нашле детето на тлото во полусвесна состојба. На одделот за анестезија, првично биле констатирани скршеници на петиците на нозете и сомнеж за скршеници на прешлените. Ученикот се лекува на детска хирургија во Скопје.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




