Добивај вести на Viber
Денес имав привилегија да извршам операција на пациент со сериозен проблем со рбетот, операција која ќе му го подобри квалитетот на живот. За време на интервенцијата, посветив време и на едукација на нашите специјализанти – иднината на македонското здравство, соопшти Венко Филипче на неговиот фејсбук профил.
„Образованието е исто толку важно колку и секоја успешна интервенција, затоа што знаењето што го споделуваме денес, утре ќе спасува животи.
Пациентот по интервенцијата се чуствува одлично, му посакувам брзо закрепнување“, напиша тој.