26 Април, 2024
0.0290

„Еден живот, една љубов“, две европски титули и була од 2 милиони евра!

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

„Фактор“ за своите читатели долови важен момент што остана незабележан: македонската ракомента гордост „Вардар“ стана европски првак и направи преседан што го потресе европскиот систем на менаџирање со спортски гиганти. Нашата ракометна гордост е загубар кој освои две европски титули. Преседан што ги крши сите правила. Лани годината ја завршил со минус од 1,21 милиони евра. Просто е неверојатно дека и во 2017 година кога за прв пат „Вардар“ стана европски првак клубот ја завршил со финансиска загуба од 715.000 евра. Го може ли ова некој друг на свет освен нас Македонците?

Ракометарите на „Вардар“ ја донесоа најголемата радост на нацијата. Во извонредно тешки финансиски услови за работа, кога ракометарите не земаа плати со месеци наназад, иако аутсајдери успеаја да стигнат на турнирот „Фајнл фор“. Со две маестрални игри да им одржат лекции на гигантите „Барселона“ од Шпанија и на „Веспрем“ од Унгарија. Јуначката дружина во која има многу балкански квалитетни играчи, два Руси, титанот од Летонец и по еден Германец и Бразилец предводени од капитенот Столе Стоилов, кој ја оживеа легендата за херојот Крале Марко, покажаа дека има работи кои со пари не се купуваат. „Вардар“ со мотото „еден живот, една љубов“ создаде балканска златна мешавина со шпанска стратегија која без пари со многу упорност, единство, знаење, братско почитување зачинето со конструктивен инает на Европа и докажа дека Балканците ако се обединети можат да направат чудо во вистинската смисла на зборот. И заради тоа цела спортска Европа им одаде почит и им симна шапка.„Вардар“ ја порази „Барселона“ која има буџет од 8 милиони евра и „Веспрем“ кој има 12 милиони евра. И „Вардар“ низ пример ја докажа народната поговорка „плаши се од оној што е решен, а не од оној што е голем“. 

Верувале или не! РК „Вардар“ е акционерско друштво кое работи со загуба и тоа во две години во кои беше крал на европскиот ракометен трон.

РК „Вардар“ лани годината ја завршил со загуба од 1,21 милиони евра, а неговите приходи во минатата година биле вкупно 4,99 милиони евра, покажуваат официјалните податоци кои раководството на клубот ги објави и се достапни на веб платформата на Македонската берза за хартии од вредност.

Во 2017 година акционерското друштво „Вардар“ прв пат во својата клупска историја стана првак на Европа во ракомет. Таа година клубот имаше приходи од 6,7 милиони евра, ја освои титулата, а годината ја заврши со загуба од 715.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто