Еди Рама соопшти детали од договорот со „Фајзер“, Заев и Филипче се уште молчат
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2021
Албанскиот премиер Еди Рама во детали го објави договорот за „Фајзер“, додека пефот на македонската влада Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се уште молчат под изговор дека не смеат да кажуваат бројки.
Уште пред два дена Рама рече дека во третата недела од јануари ќе пристигнат 10.750 вакцини од оваа компанија, додека Филипче и натаму е без конкретни бројки.
Министерот за здравство пред медиумите рече дека бил замолен да не се објавува количината на дозите, а инаку точно се знаело колку ќе стигнат во февруари.
Како што информира „Сител“, по празниците Филипче ќе преговара со колегите од Грција и Полска за донации, а договор засега има само со Бугарија, но без конкретни бројки.
Јавноста поконкретно за количините треба да биде информирана следните денови.
Засега Македонија нема ниту официјален доовор од „Астра Зенека“