11 Декември, 2025
0.0355

Единствена Македонија на Бачев го повика ВМРО-ДПМНЕ за коалицирање, постави рок од 48 часа

Објавено во: Македонија 01 Март, 2020 19:25

Добивај вести на Viber

Единствена Македонија на Јанко Бачев му понуди на ВМРО-ДПМНЕ заедничка коалиција за парламентарните избори на 12 април, а рокот за повратен одговор е 48 часа.

Условот е, како што реши Централниот комитет, е поништување на договорот со Грција за промена на името; поништување на договорот со Бугарија, поништување на пописот во 2002 и спроведување на попис „кој реално ќе ја прикаже бројноста на населението во Република Македонија“; 

Услов е и, доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник, да нема формирање влада со учество на албанска партија.

„Оваа коалиција може да го обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата. На потег е ВМРО-ДПМНЕ. Татковината повикува!“, гласи повикот на Единствена Македонија.

Во спротивно Централниот комитет го овластува Извршниот комитет да донесе конечна одлука за настапот на партијата на изборите на 12 април со самостоен настап или формирање на патриотски блок на здруженија и партии.

Од таму велат дека досега се отворени 22 општински штабови и до почетокот на изборната кампања тој број ќе се зголеми на триесет канцеларии низ Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов