11 Декември, 2025
0.0453

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2025 22:30

Добивај вести на Viber

ОБВИНЕТИ НЕГИРАА ВИНА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

Одбраната ќе ви докаже на правен и фактички план дека истиот не може да биде истиот не може да биде со каузалитет на дејствија за сторување на ова кривично дело кое му се става на товар. 

Во делот на правните факти кои што одбраната на Крешник Бектеши ќе се фокусира и ќе ви ги докажува останувам на истата правна аргументација во однос на одредбите од член 292, 288 од КЗ, која ја дадов во воведниот говор за обвинетиот Беким Максути, бидејќи тој дел е идентичен и во однос на обвинетиот Крешник Бектеши, со што не би се повторувал.

Адвокатот Даниел Георгиевски на денешната судска седница за случајот „Пулс“ нагласи дека обвинението против поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини од 2012 година е правно, фактички и логички неосновано.

За жал, принуден сум да се бранам од обвинение кое е паушално, неосновано и не ми е јасно. Јас ја разбирам болката, а и гневот на родителите и блиските и најчовечки и како родител сочувствувам со нив. Но не смееме една трагедија, едно зло да го одмаздиме со друго и притоа да мислиме дека правдата е задоволена. Бараме правда, а не друга неправда, вели Аднан Џафероски, диркетор од 2017 до 2020 година во Дриекцијата за заштита и спасување, обвинет за пожарот во „Пулс“. 

До денот на пожарот во „Пулс“, поминале 9 години од завршувањето на мојот мандат, а по мене, функцијата во ДЗС ја имале тројца други директори. Обвинението ме товари како поранешен директор кој 9 години нема никаква фактичка или правна врска со институцијата, рече министерот без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, обвинет за пожарот во „Пулс“.

ВЛАСТА УВЕРУВА ДЕКА НЕМА ДА ПРИФАЌА МИГРАНТИ ОД БРИТАНИЈА

Повеќе од јасно е дека договор за мигрантите има. Власта на ВМРО-ДПМНЕ мора да го потпише тој договор зошто тоа е врзано со кредитот од 6 милијарди евра. Работите се врзани во пакет, Мицкоски и владата отворија толку голема дупка што нема пари како да се затвори се, рече на прес конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче. 

Еве ајде, повторно, каква е тука состојбата треба граѓаните да знаат. Нема тема. Притисокот е голем врз Венко Филипче да си замине и сега тимот му вели темата ќе биде мигранти, еве таблоидите објавиле, мислејќи дека на тој начин ќе преживее, вели премиерот Христијан Мицкоски на прашањето за мигрантите во Македонија.

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

Oткако попладнево Министерството за внатрешни работи(МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“, тој вели дека постапката е политички мотивирана.

„Во целост ги отфрлам наводите во т.н. пријава. Не ме изненадуваат методите – ништо ново, МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста од реалните скандали на власта“, изјави Спасовски.

Тој додаде дека, според него, денешниот потег има за цел да го пренасочи вниманието од актуелните теми со мигрантите, судењето за пожарот во Кочани, лошата економија. 

ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ИЗГЛАСАА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

Пратениците денеска во Собранието го изгласаа Буџетот за 2026 година. 

Буџетот на расходната страна изнесува 6,7 милијарди евра, а на приходната 6 милијарди.

Буџетот се темели на проектиран растот на БДП од 3,8 проценти, планираната просечна инфлација е 2,5 проценти, а буџетски дефицит е 3,5 проценти од планираниот БДП.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се намалува бројот на членови во македонските домаќинства. Ова може да се види од пописите на населението. Според податоците од Пописот 2021, просечниот број на членови по домаќинство изнесува 3.07. Домаќинствата со 2 члена учествуваат со 26.85 отсто во вкупниот број домаќинства.

Ретко кој би поверувал дека СДСМ еден ден ќе води антимигрантска реторика базирана на создавање паника кај населението за наводен „наплив“ на нелегални мигранти и засилување на ксенофобијата, односно користење на реторичкото оружје кое примарно било секогаш резервирано за десницата, односно за владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Белгиската компанија СЦР Сибелко, позната во светот по експлоатација на индустриски минерали и нивна продажба, регистрираше своја подружница во Македонија. Засега нема информација кој ќе биде коонкретниот интерес на мултинационалната корпорација, освен тоа дека регистрираната дејнст е рударство и вадење камен.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

Георгиевски: Министерот во 2012 година не ја потпиша дозволата за „Пулс“, Обвинителството ја погрешило адресата

Георгиевски: Министерот во 2012 година не ја потпиша дозволата за „Пулс“, Обвинителството ја погрешило адресата