19 Мај, 2024
0.0254

Една година се бара приватен партнер за две монтажни катни гаражи на Клинички

Објавено во: Економија 18 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Точно една година по иницијативата на Владата, постапката за договор за јавно-приватно партнерство за изградба на две катни монтажни гаражи во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ се уште нема ни оглас, иако до денес требаше да бидат изградени според првичната одлука и официјалниот рок кој беше зададен.

Приватниот партнер во обид да се регулира метежот и недостигот на паркинг-места во комплексот, требаше да врши финансирање, дизајнирање, изградба, користење, управување и одржување на овие објекти во траење од 15 години, а потоа да ги предаде на државата. Инвеститорот треба да обезбеди олеснување на движењето на болничките возила и возилата на итна медицинска помош и олеснување на движењето на корисниците на здравствените услуги и посетителите, како и на вработените.  

Последната одлука на Владата е донесена на 4 февруари годинава, а целата постапка требаше да заврши по 120 дена, односно до почетокот на јуни. Приватниот партнер треба да обезбеди и партерно-хортикултурно уредување на комплексот, а државата да му ја даде локацијата за изградба на катните монтажни гаражи. Проценета вредност на договорот е 5,2 милиони евра. Победник би бил оној кој ќе понуди најниска цена за еден час паркирање за посетители и најниска месечна цена за вработените. 

До сега требаше да се изготви тендерската документација, нацрт-договорот и јавниот оглас, кој како што велат од Министерството за здравство, се уште не е влезен во електронскиот систем за јавни набавки. Од таму велат дека процесот е сопрен поради епидемијата.

- Во врска со постапката за реализација на повикот за јавно-приватно партнерство за реализација на две катни гаражи во Комплексот на Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, Ве известуваме дека од страна на Министерството за здравство, беше објавен и спроведен само технички дијалог. Додека пак, постапката воопшто не беше објавена преку електронскиот систем на ЕСЈН, поради причини од  новонастаната состојба и мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, а по завршување на вонредната состојба Министерство за здравство ќе завземе став по однос на спроведеување и реализирање на повикот за јавно-приватно партнерство за две катни гаражи во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“, гласи одговорот од министерството.

Во меѓувреме скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави дека се гради нов паркинг во комплексот и хортикултурно се уредува. Од Министерството за здравство потврдуваат дека оваа реконструкција ја опфаќа и локацијата на која треба да се градат двете монтажни катни гаражи.

- Согласно Точка 35 од Записникот од 32-ра Седница на Влада на Република Северна Македонија, донесе Уредба со законска сила за финансирање на организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје за време на вонредна состојба и да изврши реконструкција на јавни површини во просторот на клинички центар „Мајка Тереза“ - Скопје, а во функција на непречено укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на заболени пациенти од заразната болест КОВИД – 19 и функционирање на останатите клиники во услови на зголемен обем на работа за време на вонредната состојба. Притоа сакаме да напоменеме дека се врши реконструкција на горниот строј од јавните површини со цел за подобрување на здравствените услуги и движењето на пациентите и посетители во Комплексот на Универзитетски Клиники „Мајка Тереза“ – Скопје со која реконструкција се опфатени и површините на кои се планирани двете катни гаражи, потврдуваат од таму.

Владата минатата година на 14 мај објави дека започнува постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, која требаше да започне со комисија која ќе ја изготви тендерската документација и по 120 дена сето тоа да заврши со електронска аукција. Во меѓувреме Владата реши дека сумата од 11.740.000 милиони евра е скапа и на 3 јули 2019 сумата ја намали на 5.211.000 евра. На 14 јануари 2020 постапката ја поништи со изговор дека не била поднесена ниту една понуда. Одлука за нова постапка беше донесена три недели подоцна.

На крајот на 2018 вработените на Клинички центар на протест го изразија незадоволството од одлуката на градските власти за поскапување на паркирањето во комплексот клиники од 350 на 800 денари.  Пациентите пак, постојано реагираат за пристапот до клиниките, кој е отежнат поради големиот број на возила пред влезот, но и внатре во комплексот.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа