Една од највредните компании во светот натрупа 1,27 милијарди загуба
Објавено во: Економија, Свет 26 Август, 2016 14:57
Кoмпанијата за услуги на превоз „Uber Technologies“ во првите шест месеци на 2016 година била на загуби пред плаќањето на камати, данок, депрецијација и амортизација од најмалку 1,27 милијарди дoлари, објави Блумберг повикувајќи се на извори запознаени сo ситуацијата.
Олеснувањето кое Uber им го дава на своите возачи било главна причина за таа загуба, рекол управителот на финансии Гаутам Гупт пред инвеститорите во тект на конференцискиот повик, објави Блумберг повикувајќи се на свои извори. Инвеститори на Uber, меѓу останатите се „Goldman Sachs Group“ и „Amazon.com“.
Фирмата во првото тромесечие оваа година била во минус околу 520 милиони долари, а во второто тромесечие уште 750 милиони долари. Uber во 2015 година беше во загуби од најмалку две милијарди долари.
Нето приходот на фирмата пораснал во второто тромесечие на околу 1,1 милијарда долари, со 960 милиони долари во првото тромесечие.
Uber, американската технолошка компанија за посредување во услугите на превозот, се наоѓа меѓу највредните иновативни компании во светот. Нејзината пазарна капитализација е проценета на 69 милијарди долари после ширењето на бизнисот во повеќе од 50 земји, вклучувајќи и 21 членка на ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




