ЕДНИ ЌЕ ИЗРАБОТУВААТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, ДРУГИ ЌЕ ГИ ПРОВЕРУВААТ – се менува Законот, еве што сѐ ќе биде ново
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2025 07:36
Фирма или правно лице кое изработува урбанистички планови повеќе нема да смее да биде и контролор на тие урбанистичките планови. Исто така фирмата која ќе прави супервизија не смее да биде ниту сопственик или управител во правно лице кое е изработувач на урбанистички план.
Ова се дел од новините кои би требало да се донесат со менување на Законот за урбанистичко планирање. Измените се на предлог на пратениците Велика Стојкова Серафимовска, Зоранчо Јованчев, Никола Коњановски и Тони Јаревски. Најголем дел од пратениците предлагачи се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, еден е од СПМ, што е причина да очекуваме ова законското решение да биде прифатено од народните избраници.
Во законот се внесува одредба со која ќе биде забрането иста компанија да прави урбанистички план, но и да прави ревизија на урбанистичкиот план кој го изработила.
- Правното лице кое врши стручна ревизија на урбанистички план, не може да биде истото правно лице кое го изработило планот предмет на стручна ревизија, ниту да е сопственик, управител или вработен во правното лице изработувач на истиот урбанистички план – стои во законот.
Воедно е посочено дека поради тоа што Законот за урбанистичко планирање е во примена 5 години, при што било утврдено дека има потреба од прецизирање на надзорот во делот на спроведување на урбанистичките планови преку урбанистички проекти, но исто така воведување на надзор во процесот на изработување на урбанистичките проекти надвор од населено место. Поради недостатоци во законот, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во последните месеци се соочил со постапки за одобрување на урбанистичките проекти надвор од населено место водени спротивно на закон, кои биле поништени.
- Одтаму потребата органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, во насока на обезбедување правна сигурност, да има законски основ да дава препораки и укажувања за доследно спроведување на надлежностите на општините во делот на примена на одребите на овој закон – се нагласува во предлог решението доставено во Собранието.
Притоа е појаснето дека основна цел на предложениот закон е доуредување на надлежноста на Комисијата за урбанизам заради утврдување на прецизни чекори за изработување и одобрување на урбанистичкиот проект со план за парцелација.
Во законот е посочено дека дел од измените се со цел построг критериум во делот на изборот на правно лице кое врши стручна ревизија, со цел истата да биде што пообјективна.
- Имено се забранува истото правно лице кое го изработило планот, да е сопственик, управител или вработен во правното лице кое врши стручна ревизија. Се брише можноста урбанистички проекти да изработуваат и правни лица кои ги исполнуваат пропишаните услови за вршење на дејноста проектирање согласно со Законот за градење кои имаат во работен однос на неопределено и полно работно време најмалку еден архитект урбанист со соодветно овластување за изработка на урбанистички планови, заради поедноставна контрола во делот на издадените лиценци – се нагласува во предлог измените.
Со измените на законот се прецизира надзорот во однос на делот на спроведување на урбанистичките планови преку урбанистички проекти, но исто така се воведува и надзор во процесот на изработување на урбанистичките проекти надвор од населено место уреден како вид на урбанистички проект.
Според предлагачите со овие измени и дополнувања ќе се прецизираат одредбите кои се однесуваат на урбанистичките проекти со план за парцелација, со што ќе се овозможи поефикасно спроведување на урбанистичките планови кои се спроведуваат врз основа на овие урбанистички проекти, како и поголема ефикасност во однос на надзорот покрај над урбанистичките планови и над урбанистичките проекти како целина во делот на урбанистичкото планирање.
П.О.Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




