19 Декември, 2025
0.1610

Eдно име изненади на листата на најмоќни луѓе на „Форбс“

Објавено во: Свет 05 Ноември, 2014 19:37

Добивај вести на Viber

Угледниот магазин „Форбс“ ја објави новата листа на најмоќни луѓе во светот. Втора година по ред на врвот на оваа листа е рускиот претседател Владимир Путин, пред неговиот американски колега Барак Обама. Но, на листата се најде и едно име кое изненади многумина. Самопрогласениот калиф на Исламската држава, озлогласениот Абу Бакр ал-Багдади е рангиран на 54-тото место на светски моќници. За неговото фаќање САД неодамна понудија и награда од 10 милиони долари. Првите петмина најмоќни не се менуваат од лани: Путин, Обама, кинескиот претседател Кси Џингпинг, папата Франциско и германската канцеларка Ангела Меркел. Споредувајќи ги Путин и Обама, „Форбс“ прашува: „Кој е помоќен - семоќен лидер на чело на корумпирана и воинствена сила или претседател со врзани раце на чело на доминантната држава во светот?“ Меѓу новите имиња кои се најдоа на листата од годинава се индискиот премиер Нарендра Моди (15 место) и основачот на Алибаба и најбогат Кинез Џек Ма (на 30-тото место). На листата на 100 најмоќни луѓе 26 се Американци, 19 се Азијати - од кои шестмина од Кина, а 39 се претседатели на управи на моќни компании. Само девет на листата се жени, а од позвучните имиња меѓу нив, покрај Меркел, е и претседателката на ММФ Кристин Лагард на 33-тото место.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја