15 Јануари, 2025
0.0292

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

„Ајде фестивалот“, во организација на општина Аеродром, а чиј покровител е Хајделберг факултетот во Скопје, вечерва ќе го има своето прво издание со почеток од 20 часот во паркот „Васко Карангелевски“. Настанот ќе изобилува со забава, едукативни и хуманитарни содржини.

За одлична забава на присутните ќе бидат задолжени DJ Goce (SAF), Пајак, Blackhole band, DJ Tina, Music Lab Concert и Ivan Ajnstajn.

На музичкиот дел му претходат неколку едукативни настани во организација на Хајделберг Факултетот во Скопје.

Од 16 часот во просториите на Факултет ќе се одржи едукативно – информaтивниот настан  “Прашај го Цајтел! #ГЕРМАНИЈА_ДОМА! ” – информативен состанок и дружење со претседателот на Управен одбор на Хајделберг Факултетот во Скопје, проф.д-р Улрих Цајтел и идните студенти и нивните родители.

Покрај дружбата, присутните студенти ќе имаат можност да се пријават и за учество на “Хакатон за вешти умови” којшто ќе се одржи во месец септември и ќе има за цел пријавените студенти да покажат што знаат преку дружба, смеа и позитивна енергија и да научат многу нови работи. Ќе учествуваат 12 натпреварувачи, 6 од областа на Податоци и компјутерски науки и 6 од областа на Бизнис администрација - банкарство, осигурување и контролинг.

Од 18 часот ќе започне „Хајделберг саем за млади и компании“ кој претставува своевидна платформа каде присутните ќе имаат можност да се информираат за идни можни вработувања, како и да ги запознаат производите и услугите кои присутните компании ги нудат на таа популација. 

Фестивалот е инклузивен и хуманитарен, во него учество ќе земат и здруженијата "ВО МОЈ СВЕТ" и АЦТ фондација и ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ.МК, но и Општина Аеродром кој безрезервно дадоа своја поддршка кон афирмација на овој уникатен фестивал.

Во понудата на фестивалот вклучено е и одлично домашно крафт пиво од Темов и германска традиционална кујна како би понудиле на гостите едно поинакво гурманско доживување.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија